Заборавете ги тие трагични интернет преписки натискани со мажи чиј што бес доаѓа малку загриженост за феминизмот и многу отсуство на секс; наместо тоа, барајте кај тоа мејнстрим, од славни личности одобрено движење #MeToo, чиј што страв од мажи се мери со стравот од жени кои размислуваат со своја глава.
Еве, размислете што ѝ се случи на Кејти Роиф во последниве 48 часа.
Роиф е една од најинтересните есеистки и авторки во Америка, која се појави на книжевната сцена во 1994-та со една книга, „Утрото потоа: Секс, страв и феминизам” и продолжува да пишува на различни теми - од културна критика до книги за последните часови од животот на славни писатели. Во моментов е мета на една исклучителна Твитербура – разлутен, цензурирачки бес, не заради нешто што го кажала, туку заради нешто што луѓето мислат дека ќе го каже во идно издание на Харперс. Сме имале припејд злостор, сега имаме припејд цензура, една насилна казна на еден автор заради тоа што може да го изусти во иднина.
Твитератите, замислете, начуле дека Роиф, во мартовското издание на Харперс ќе ја именува жената одговорна за листата Shitty Media Men, што би се превело како Список на гомнари во медиумите – неформална црна листа на новинари и уредници кои наводно се однесуваат лошо со жени. И полудеа. Рекоа дека ова може да ја доведе во опасност таа што го почнала списокот. Ајде да го тргнеме на страна фактот дека е сосема легитимно и од јавен интерес да се открие кој го направил овој морничав список, на кој било кој може да додаде име на човек од медиуми, за кој ќе тврди или ќе мисли дека покажал некакво непристојно однесување. Поддржувачите на списокот за јавни прозивки и брукање, ова ги вади од такт, што е многу комично и совршено ги прикажува двојните стандарди, длабокото чувство дека нешто некому следува и грдото отсуство на последици за главните јавни засрамувачи кои се дел од #MeToo.
Пострашното е што Роиф е толку длабоко јавно засрамена, и во идеални услови – замолчена, од жени кои тврдат дека сакаат да се слушне женскиот глас. Ама не може и гласот на Роиф, очигледно; не на таа кучка, нејзе заќутете ја. Поројната омраза за Роиф е фрапантна, дури и по Твитер стандарди и со виртуелната нетолеранција на 21-виот век. Феминистката Џесика Валенти од Гардијан, набрзина на Роиф ѝ го направи тоа за кое ги обвинува мажите дека им го прават на новинарките; се обиде да ја замолчи. Ја опиша наводната статија на Роиф како „длабоко посрана” и „неверојатно опасна” и го твитна бројот на Харперс за луѓето да можат да го малтретираат списанието да не го објавува делото на оваа вештерка. Сејди Дојл која пишува за Ел, рече дека Роиф поддржува силување. Една авторка од феминистичкото списание Басл, се запраша дали Кејти Роиф е псевдоним за група 65-годишни мажи, затоа што било која жена што нема да се согласи со нас, вистинските феминистки, мора да е маж, нели?
По други места, Роиф ја брендираа како „Чичо Том на половите”, како ѓубре, кучка, се разбира и демон, и на крај опасност за „добрите феминистки”, кои само сакаат да ги криминализираат мажите без тие глупи, архаични ствари како судски процес или правно истражување. А сето ова доаѓа од жени, од жени кои тврдат дека поддржуваат жени. Писателката Никол Клиф дури и охрабруваше други писатели да си ги повлечат статиите од Харперс и нудеше да им плати за тоа – како еден експлицитен обид да изврши притисок врз уредниците да го повлечат текстот на Роиф – односно да ја замолчат лошата вештерка. Петмина писатели се повлекоа од Харперс. Самоцензура - за да се цензурира жена што не се согласува со мејнстрим феминистите.
После сето ова, се откри дека во текстот воопшто нема да го има името на креаторот на гомнарскиот список!
Значи бесот, цел тој лов на вештерки, сè се изградило врз обична гласина, и страв, откривајќи ја непостојаната природа на сите тие експлозии против тие што мислат различно. Фала богу што не сме среден век – Роиф веќе ќе беше мртва, уште пред да откриеме дека не ги кажала страшните зборови кои руљата верува дека ги кажала.
Ај сега погрдото – Роиф, како и секоја друга жена која што го критикува новиот феминизам на жртви – страда заради интернализирана мизогинија – идејата дека жените не се познаваат себеси и дека се лесен плен на наводната мизогинистичка култура што ги опкружува. Стравот е дека нивните нежни мозочиња нема да издржат од премногу изложеност на „таа култура”, како што викторијанските мажи се секирале дека викторијанските жени ќе се онесвестат или ќе умрат ако го прочитаат писмото каде што некој има напишано „fuck”. Истото се зборува и за жените што гласале за Трамп, кои една феминистичка колумнистка ги спореди со робови кои ги местат перниците на столот за нишање на газдата.
Секоја жена која го критикува #MeToo може да очекува метафорички да биде ставена на клада. Оваа недела, прекрасната Кетрин Денев и други француски културни ликови го нападнаа #MeToo, затоа што е анти-мажи и контрапродуктивно за женската агенда. Денев ја нападнаа, сосе Асиа Арџенто, актерката која беше меѓу тие што го обвинија Вајнстин, дека е лоботомизирана од мизогинија. Накратко: старата вештица е морално расипана. Жени како Ен Лесли и Ен Робинсон исто ги демонизираа други жени, затоа што се осмелија да критикуваат. Неделава, една актерка, Бланка Бланко имаше проблеми затоа што се осмели да носи црвен фустан на Златните глобуси. Како се осмелуваат жените да носат тоа што сакаат? Или да кажуваат мислење?
Дали овие феминистки кои беснеат против „лоши жени”, гласни жени, тешки жени - СЕ СЛУШААТ ШТО ЗБОРУВААТ?
Сега почнуваме да гледаме дека #MeToo воопшто не е движење за жените. Тоа е политизарана кампања што ја водат добро поврзани жени во културата и медиумите, и само тие имаат некаква придобивка, а мораат да го оддржуваат нивниот статус на наводна жртва по секоја цена затоа што тоа им е предност и за кариера и за морален авторитет во јавна дискусија. Заради ова реагираат со таков неумолив, мизогинистички бес кон секоја жена која ги доведува во прашање – затоа што овие жени се закана за разоткривањето на политиката на жртва што е толку унослива за еден тесен, но влијателен слој на денешното општество. И затоа, овие жени морат да бидат замолчени, отфрлени, отпишани како „оштетени” и невредни за слушање.
Да бидеме благодарни што веќе не постојат институциите каде што ваквите слободоумни жени некогаш ќе беа фрлени без размислување.