
Приказната е на Tiffany and Co. Ланчето е од нивната Блу бук колекција, што е всушност линија на уникатни скапоцености, рачно изработени во работилницата токму во дуќанот на Петта авенија. Со име „Блу Ајс”, неговата геометрија инспирирана од арт деко ги спојува минатото и сегашноста; има асиметрична низа од големи до деликатни камења на платина - 17 аквамарини (како бојата на најпознатиот Оскаровски фустан), кои сите заедно имаат 61 карат. Околу нив - и ова делува како фејк њуз - повеќе од илјада дијаманти - 85 сечени по мерка и 950 округли.
„Блу Ајс” го изработила екипа составена од тројца мајстори јувелири, четворица полирачи и уште тројца што не ни разбираме што поточно прават, и биле потребни месеци контрола на квалитет пред да се доведе до совршенство.
Гал Гадот се разбира, го пробала накитот додека носела фармерки и маица. И баш ако се задржиме на тој муабет - некако многу појако изгледа во таа комбинација.

„Како долгогодишна обожавателка на брендот, многу ми значи што имав можност да го носам ова парче,” вели Гадот, која прв пат се појавува на Оскари, и се придружува на Кејт Бланшет и Одри Хепберн како ентузијаст за Тифани. „Воодушевена сум што сум меѓу сите тие инспиративни жени.”