Оскари: Најдобрите фустани на сите времиња

Во право е Хал Рубинштајн од Инстајл, кога кажува дека модата на Оскарите стана толку важна со текот на годините, што ги засенува и самите категории. 

Почнува со прекрасниот фустан на Грејс Кели од врвната Едит Хед (ја имате тука), ископиран сто пати, или барем собран како инспирација. Кели го носела дури на три настани, што денес нема шанси да доживееме од ѕвезда од такви размери.

Обрнува внимание и на тие клучни моменти кога светот се свестува дека може и да се разбие монотонија, како на пример кога после години комплицирани и џиџани фустани, доаѓа Гвинет Палтроу со една фина спавача. И нè потсеќа дека, многу пред Лејди Гага да доаѓа пикната во гломазно јајце или сирово месо - имавме Шер.

Оскаровските фустани што влегоа во модна историја:

А сега озбилно, да повториме за Едит Хед и нејзините 35 номинации за Оскар и 8 Оскари.

4 март 2018 - 20:09