На тема убавина: Кира Најтли

За дневна шминка:

Наутро користам крем за лице и потоа само коректор, никогаш пудра. Сакам да се гледа кожата под шминката, па затоа мислам дека помалку е секогаш подобро. Ставам некоја светла сенка со прст колку да ми изгледаат очите поотворени и побудни. И после само малку балзам за усни во природна боја на средина на устата.

За вечерна шминка:

Повеќе сум за силно нашминкани очи, отколку усни. Но сепак, мајка ми секогаш велеше, „кармин е за кога си имала никаков ден, а треба биде црвен за да се соочиш со светот.” Мислам дека е ова е навистина така. Пред некој ден, морав директно од лет да стигнам на премиера. Не ми беше пријатно па си помислив, да, ова е момент за црвен кармин. А обично е смоуки на очи, црн молив и многу маскара. Секогаш. И горни и долни трепки.

За парфеми:

Секогаш го носам истиот, Coco Mademoiselle. И така со години. Тоа е мое, и е мирис кој го врзувам со себе. Понекогаш, кога играм некој лик, носам и друг парфем баш за таа улога. Неверојатно е како те носи во поинаков ментален склоп и помага да се транспортираш. Интересното кај Coco Mademoiselle е што мириса различно на сите. Сум го подарила на неколку пријателки и роднини и никогаш не мирисаме исто. Го обожавам тој момент.

За нега на патување:

Никогаш не успевам да ја оддржам негата на кожа кога патувам, но штотуку го открив маслото од диви ружи што ми го препорача пријател. Летовите знаат да бидат тешки за кожата и многу ја сушат, па го пробав ова и супер е. Сега секогаш патувам со него.

За веѓите:

Советот за веѓи ми е секогаш да се остават на мир. Кога ја почнував кариерата, еден шминкер ми рече: секогаш ќе знаеш дали пред тебе стои добар шминкер затоа што ако ти каже дека треба да ги искубеш веѓите, ќе треба да бегаш како ѓавол од крст. Секогаш се држам до тоа. Делумно и затоа што кога има 21, правев од оние третмани за веѓи во Лос Анџелес (кај што им ги прават на сите веѓите исти) и изгледаше ужасно. Пропроциите на моето лице не функционираа со помала веѓа и многу ми е мило што пораснаа. Сега само ги средувам по малку, со пинцета, но никогаш од горниот ред. Само најдолниот, под лакот. Природно се малку кратки, па ако сум на црвен тепих или излегувам, само малку ќе ги издолжам со молив.

За нега на кожа:

Се обидувам да ја оставам што е можно повеќе на раат. Кога работам, многу ја малтретирам, па сакам да не правам ништо кога сум оставена сама на себе. Можеби три пати годишно ќе одам на козметичар, инаку правам што е можно помалку. Имав многу лоша кожа до 24 години и до тогаш пробував сешто на неа. И еден ден решив да ја оставам и тоа повеќе и се допадна. Затоа и сакам да носам помалку шминка кога не работам. Кога снимам, секогаш ми излегува нешто и мораме да ставиме еден тон шминка за да го покриеме. Мислам дека на кожата и треба одмор повремено за да може да дише. После бебе и над 30 години почнува и да ми се суши за прв пат. Затоа почнав да користам масла и кремови во последниве години.

7 март 2018 - 19:39