
Исто така, многу пред #MeToo, откако ќе беа почестени со сите овие мудрости, добиваа, и сè уште добиваат нови совети, мислења, искуства, еднакво непоканети, еднакво дрски, и се разбира, еднакво глупи.
На видеово подоле, како да им беснеат на мажи за овие работи (не е дека се мажите така невини по ова прашање).
Но она што не може да се види ни тука, а често ни во писмени осврти на оваа тема е дека најчесто, овие ничим изазвани коментари, делења памет и „многу важни” мислења за жени доаѓаат токму од - жени.