Молив за уста: Осум начини

Супер се хијалуронски филери, ама не се брзајте, затоа што за тоа што мислите дека ви треба, често знае и lip liner да заврши работа.

Време е да разговараме за феминистичко порно

Дали ова значи дека црниот кожен кауч ќе се претапацира во цветен? Ух, каква евтина саботажа на феминистички принципи за бои и дезени беше ова, примете длабоко извинување. Се шалиме. Таман работа да бидеме сериозни, порното е ведра тема!

Дронови наместо манекенки кај Долче и Габана

Нонстоп нè плашат дека човечката работна сила ќе ја заменат роботи, само што кој би рекол дека на некој ќе му текне и манекенки да заменува?

Џуди Денч: „Имам ирационален страв од досада!”

Интервју со Џуди Денч за The Talks - за староста, љубовта и колку е важно да имаш со кој да се смееш.

Airbnb тргнува во поход на богаташи

Платформата што успеа како решение за патувачи со мал буџет, почнува да нуди хотели, луксузни имоти и има нова програма за лојалност. И се претвора во букинг компанија.

За поубав понеделник, Кандински

Според една често цитирана анегдота, Кандински ја „открил” апстрактната уметност во 1908-ма, кога, опиен од убавината и оригиналноста на некое негово дело, сфатил дека всушност му е свртено наопаку; фигурите што му дошле особено пријатни и комуникативни биле во предност затоа што немале конвенционално значење.

Како Кајли Џенер го чинеше Снапчат милијарда долари

Зборете вие што сакате, ама неспорно е дека феноменот Кардашијан/Џенер си бара некој да си го прибере за докторат. Тоа што светот ги смета за безвредно, неталентирано ѓубре, славно само затоа што е славно, без никакви квалитети (океј, можда пазарски квалитет), не значи дека не живееме во свет каде што може истото тоа „ѓубре” да има сериозно влијание на економијата на десетина индустрии. Ова особено важи за социјални мрежи, каде што влегува и кутриот Снапчат.

Модата и феминизмот во свет на #MeToo

„Бибиси нема ни моден коресподент: модата зазема огромен простор - културолошки, социолошки и економски, а сепак не гарантира еден вработен со полно работно време во јавен сервис кој инаку праќа екипа од 455 луѓе на Олимпијада во Рио.”

100 години очи, веѓи и усни

Три видеа со историјата и развојот на најбитните ствари за шминкање по Јутјуб туторијали. Општиот заклучок што може да се донесе е дека '80-ти како по обичај се најпроблематични, а времево во кое живееме излегува најфино од сите. Бар на оваа тема.

Да изгледаш „средено” е уметност, и се учи

Амелија Дајмонд е како нас. Тоа што е главна на креативниот тим во еден од најважните модни блогови на светот, Мен Репелер, не ја спречува да биде во хаос, да доцни на сите состаноци и трапаво да истура пијачки. Затоа, си бира 3 другарки кои ѝ делуваат средено на секое поле и ги прашува - како?

На овие ич не им треба #MeToo

Во 19-ти век, денес познат како еден од периодите од каде што црпиме примери за споредба колку сме назад со женските права, во Лондон оперирала и лом правела женска банда со име Четириесет слонови.

Моќта на мозокот под туш

Ви се случило да миете заби или да сушите коса и одеднаш да ви текне нешто брилијантно? Тоа е затоа што мозокот е на автопилот и кога е во таа состојба му е најлесно да залута таму каде што често и највеќе треба.

Што имаше низ улиците на Њујорк за време на Модната недела

Не сте биле на New York Fashion Week оваа година ако не сте носеле беретка, ситни очила за сонце или и двете.

Гледајте си вие „50 нијанси ослободени”, ама не мора сè да пробате

На пример, сладолед се става во уста. Во усна шуплина. И во ниедна друга шуплина.

Како се промовираат луѓе што не сакаат да зборуваат за себе?

„Ми излезе новиот албум, купете го.” „Мојата книга можете да ја најдете таму и таму.” „Јас сум директор на *внеси влијателна фирма*.”Добив награда на меѓународно штоидае.” Кога ќе ги прочитаме овие работи по социјални мрежи ни изгледаат сосема нормално. Зошто тогаш ни е незгодно кога треба и ние вака да кажеме?

Црни срциња и чоколадни черепи за Св. Валентин

На една слаткарка од Пенсилванија толку ѝ се смачува лигавењето околу Св. Валентин, што решава дека е време на црвеното да му се додаде малку црно.

Феминистките да престанат да спасуваат стриптизети

Надја Бретон е писателка и поранешна стриптизета, на која ѝ е преку глава од тоа да ја спасуваат. И збеснува кога една група жени успеваат да затворат стриптиз клуб во Лондон под изговор дека ги спасуваат вработените.

Што ви значи модата?

„Собирање на прекрасни мали парчиња од себе со тек на време.”

Сликата со најмногу лајкови на Инстаграм

Хинт: Не е наградувана фотографија од National Geographic, или Life, или така нешто. Ама Инстаграм е во прашање, па веројатно тоа ви е веќе јасно.

После #MeToo, на мажите им станува незгодно да подучуваат жени

Откако стана јасно дека ниеден маж не е безбеден од движењето #MeToo, мажите сè поретко се нафаќаат да бидат ментори на жени.

Порака од една продадена душа

Можно е ние да имаме најмногу фрази поврзани со „продадена душа” по глава на жител. Што од македонштина, што од искуство, обично луѓе се расфрлаат со „се шитна”, „пушти го, одработува”, „платеник”, без да им текне дека тој некој таму „шитнат” си брка работа и само поради еден обичен сплет на околности, нив тоа не им се свиѓа.

Е, во ваков свет живееме сега

Скраја било да си кажеш што мислиш на актуелна тема. Може да те нападне армија борци за социјална правда, војска душебрижници, чета бранители на човекови права, кордон феминисти, и на крај, да те прегази стампедо од недоквакани што чуле дека е во тренд да се има силно, а сепак неосновано мислење.

Дали модата конечно ги премина сите граници?

Затоа што сега на пример, има сандали за кондури. Звучи чудно? Глупо? Тоа не значи дека не постои. Ако ви било мерак да си ги облечете омилените, а не сте можеле затоа што надвор врне и ќе ви се уништат, сега можете. Ако замижите пред бизарноста, се разбира.

Што има на распродажба кај Лагерфелд

Еве ви идеја за во слободно време. Отворете karl.com, изберете си категорија и почнете со списоче. Овој пат гледаме во 'Распродажба'.