Доктор да ви каже:

Гледајте си вие „50 нијанси ослободени”, ама не мора сè да пробате

На пример, сладолед се става во уста. Во усна шуплина. И во ниедна друга шуплина.

Со една другарка традиционално секоја година одиме да го гледаме „50 нијанси сиво” (вториот дел се некои други нијанси, третиот е „Ослободени”), со намера да поуживаме во ужасот што го донесе модерната литература, а по неа и модерната кинематографија, и да видиме до кај тоа оди едноумието каде нешто очигледно лошо, сепак се смета за добро.

Го доживуваме како социјален експеримент. Не е ни guilty pleasure. Guilty pleasure е кога нешто ти е стварно интересно, без разлика што не треба да ти биде.

На пола филм сфаќаме дека всушност гледаме еротски трилер, па одма после тоа сфаќаме и колку далеку (надоле?) отишле еротските трилери од „Основен инстинкт” наваму. Сфаќаме и колку е наопачки целата работа, и дека пораката на филмот е „остај го ти што е он посесивен и контролирачки настроен. На крај ќе биде во право. Тоа е од што те сака.” Ама за овој феномен друг пат, треба да позбориме за уште една работа што не треба да ја учиме од филмот.

Сцената со сладоледот.

Нема спојлери, се работи за една од еротските сцени. За волја на вистината, баш на спорнава сцена сфатив дека „ова више не е ни интересно и среќа што е последен филм”, па си поседев на Инстаграм, ама памтам дека се шлапаа со некои сладоледи и кај што треба и кај што не треба. Односно, како што пишува во Vulture, Анастасија Стил јаде сладолед, па доаѓа Кристијан Греј, ѝ ја зема лажицата, ја полни со сладолед, ја спушта некаде околу нејзиниот карличен предел и прави движење што неодоливо потсетува на „авионче” момент, кога се трудиш да натераш дете да јаде. 

Овде веќе се уклучив на Инстаграм.

Се разбира дека се најде новинарка што се запрашала „нели тоа би било лошо за нејзините pH нивоа? И се разбира, прашала гинеколог за оваа проблематична играчка.

Докторката што одговара е Лорен Страјкер, директорка на центар за сексуална медицина и менопауза и автор на Sex RX: Hormones, Health, and Your Best Sex Ever.

Ајде да разговараме за сцената што ме инспирираше да ви се јавам: лажицата со сладолед. Веднаш се загрижив за pH вредноста на Ана. Треба ли да се грижам?

Само да кажам дека ова никогаш не било студирано научно. Но, генерално, не ставаме храна во вагината. Теоретски, дали тоа може да ѝ ја наруши нормалната флора и да предизвика инфекција? Апсолутно. Се работи за шеќер и млеко, нешта што не треба да влегуваат во вагината. Но дали ќе се случи тоа само од еднаш? Којзнае. Одговорот е: не знам, но општо земено, би ви рекла да не ставате храна во нечија вагина.

А има ли храна што е безбедно да ја ставиш во себе?

Храна што нема да ја нарушува флората. На пример, неизлупена банана е потенцијално безбедна. Краставица, само да не се скрши и да ве повреди. Но сепак нема научни студии на оваа тема.

(овде ќе забележиме дека докторката сака да ѝ бидат издржани изјавите и поткрепени научно, ама секако главниот совет е: немојте, де!)

Дали да си ставиш сладолед би било полошо ако си нетолерантен на лактоза?

Не. Затоа што интолеранција на лактоза има врска со гастроинтестиналното разложување на лактозата. Така што, добри вести: Не е поризично за луѓе нетолерантни на лактоза да стават сладолед во вагината. Дали Ана е нетолерантна на лактоза?

Којзнае?

Мислев да не е тоа проблемот.

А ако, сепак, ја ставеше лажицата во неа, дали ќе беше лошо?

(се смее) Не е добро да се става прибор за јадење во вагината. Особено ножеви и вилушки би биле неприфатливи (би биле неприфатливи, бе!)

Лажица е друго. Ако, на пример, гинеколог стави лажица во вагината, би било во ред, затоа што ние знаеме како да ја ставиме без да предизвикаме повреда. Но ако генерализираме, би рекла дека ставање лажица во вагината не е препорачливо во гинеколошкиот свет.

Ете, дознавме. Не е препорачливо. И осила да ставаш не е препорачливо, па го направија.

А не е прв пат гинеколози да одговараат на идиотски прашања што не ни треба да дојдат на дневен ред.

15 февруари 2018 - 16:25