Гинеколозите пак ве молат да не си пикате глупости

Некои работи треба од старт да бидат јасни ако си нормално човечко суштество, а сепак - магично не се. Откако се едвај се намолија со пациентките да престанат да користат осила за подмладување на своите гениталии, на пазарот излезе нова мода, од една компанија што ги убедува жените дека ултра паметно, многу згодно и крајно секси е да си ставиш капсула со - светки.

Што прави капсулата со светки во вашата вагина? Па пука и фрла мини светкави конфети, за ако нешто партнерот слави роденден, или е нова година, или така нешто.

Глупо ви е? Процедурата е следна: капсулата се вметнува саат време пред односот, па како и кај тампоните, влагата и топлината предизвикуваат реакција, и после некое време имате многу за усисавање.

Уште не ви е глупо? Не само што имате репродуктивен орган полн новогодишен материјал од тезги, туку и самиот тој материјал има вкус на бомбони. А, до сега требаше да ни биде јасно дека шеќер и гениталии не одат заедно. Остајте што нè лажеа на „9 ипол недели“.

Кхм.

Производот се вика Passion Dust, а креаторите (Pretty Woman Inc) го опишуваат како „доволно да направи вашиот партнер да помисли дека вашата мала пеперутка е она што сите вагини треба да бидат: миризливи, меки, слатки и волшбни“.

Гинеколозите некако не го опишуваат баш така.

„Да се користи ваков производ всушност ја убива страста. Брашното и желатинот ја повишуваат pH вредноста и заедно со шеќерот канат штетни бактерии и габи како Кандида да се размножуваат. Ова предизвикува болки и воспаление и го прави самиот однос неподнослив,“ кажува Шазија Малик, консултант гинеколог и акушер.

А зошто да мора да им се каже, бе? Мора ли и светки?

18 јули 2017 - 12:44