Модата и феминизмот во свет на #MeToo

„Бибиси нема ни моден коресподент: модата зазема огромен простор - културолошки, социолошки и економски, а сепак не гарантира еден вработен со полно работно време во јавен сервис кој инаку праќа екипа од 455 луѓе на Олимпијада во Рио.”

Модата можеби не зборува отворено за феминистичката агенда, но тоа не значи дека не кажува ништо. Истите контроверзни теми што изникнаа во другите индустрии (нели, #MeToo) се појавија и овде (нели, гадните, злоупотребувачки настроени фотографи). А еден обичен феминист на оваа тема го има истиот проблем како демонстрант против носење крзно: тешко е да се постави политичко прашање за нешто кога не си сигурен што точно гледаш; односно, невозможно е да се постави прашање за феминизам во неодреден контекст - ако на жената ѝ се гледа задникот на службена вечера, тогаш се работи за објективизирање, тоа е едноставно. А во модниот свет, жената може да се прошета скоро гола и тоа да не претставува никаков проблем.

„Модата нема врска со секс,” вели Џастин Пикарди, уредник на Харперс Базар. „Пистата нема врска со секс. Модата навистина се вкрстува со феминизмот на интересни начини - не е само кај гадните фотографи, но има многу малку информирана дебата за тоа. Бибиси нема ни моден коресподент.” Тоа е самото по себе е нов феминистички агол: модата зазема огромен простор, културолошки, социолошки и економски, а сепак не гарантира еден вработен со полно работно време во јавен сервис кој инаку праќа екипа од 455 луѓе на Олимпијада во Рио. Сепак, ако модата не успее да го добие своето место во сериозниот дискурс, и ако уметничката вредност ѝ е потценета затоа што тоа е нешто „што жени го сакаат”, зошто е така треба да објаснат сите останати, а не самата модна индустрија.

Околу наводните нападни фотографи: приказната имаше влијание врз целата индустрија: важни имиња како Патрик Демаршеје, Дејвид Беламер, Грег Кадел беа обвинети за малтретирање од многу модели. И секогаш ваквите обвинувања (како во случајот Вајнстин) опфаќаат многу поголема група на луѓе: се поставува прашањето и дали можеле вакви работи да се случуваат без агентите и уредниците да знаат за тоа.

„Не би се нарекла себеси феминистка во класична смисла,” вели Роксанда Илинсик, „но екстремно ги поддржувам жените. Не само на работа, туку на секое поле.” Денес некои луѓе малку се чуваат од повампирената дефиниција на феминизмот, па вакви изјави гледаме сè почесто. Се работи за дистинкција која може да им биде иритантна на луѓето, но сепак, претставува глас од една жена за жените во женски свет. „Не е толку важно тоа што се случува на писта,” вели Фин Дилејни, 20-годишен бизнис менаџер во Халперн. „Уличниот стил е многу поважен, а сепак сè уште се врти околу слабите бели девојки,” што укажува на тоа дека уште учиме што е разноликост и како се прави.

Брендовите плаќаат на еден човек, некогаш во ствари, некогаш и во пари за тој човек да се прошета во клучен момент, на клучно место. Не се секогаш модни ревии: еден шофер на пример се сеќава дека го пратиле да собере стрит-стајл ѕвезда, најмена „спонтано” да се појави кај поетесата-раперка Кејт Темпест, па го вратиле затоа што ѕвездава се предомислила - наместо 5000 долари, побарала 10 000. Сè е тоа помогнато од Инстаграм и смислено: ние гледаме група на жени кои се сликаат пред врата или околу црвениот тепих на некоја важна модна ревија. А во реалноста, воопшто не е ни битно што тие не ни влегле таму.

Кога еден фотограф ќе слика некого, сите почнуваат по него. И новата траума е да излезеш од брендирана кола и да ги видиш фотографите, разочарани од твоите кондури, како полека ги спуштаат апаратите: Клои Мек Донел од Инстајл вели: „Те оценуваат за сè: како ќе те поздрави пи-арот, со кого разговараш, во која кола си, шминката, облеката, каде седиш. Се сомневам и дека некој ужива во тоа. Дури и тие што добиваат пари да носат нешто се прашуваат зошто некој друг седи баш на тие седишта каде што не седат тие. Кој и да си, ќе дојде време кога ќе те избуткаат надвор.”

Самото конзумирање на модата е сменето: луѓето повеќе сакаат Инстаграм од списанија; повеќе сакаат слики од улица отколку модни писти. Како и секоја нова медиумска приказна, ова е исто комплексно: може да се сфати и како демократизација, луѓе што директно комуницираат со други луѓе, без посредништво на авторитети. Манекенките на Инстаграм имаат сопствен идентитет и бренд. „Секако дека дава тежина на моето мислење за работите,” вели моделот Џулија Кемпбел-Гилис, „а тоа на некои луѓе не им е загарантирано. Потајно да, мислам дека сме узурпатори на формалното, заеднички создавачи. Но сепак не мислам дека другите го делат тоа мислење.”

И сето ова додава многу нови лекции за што денес значи феминизам, а особено феминизам во модната индустрија.

Идејата дека пазарот диктира еден идеал за тоа како жената треба да изгледа е нецелосна: пазарите само ја водат модата до степенот до кој водат сè. Разликата, од феминистичка перспектива е дека новиот бран се коси со многу културни норми околу жените - како пасивни, како секс објекти, како цел на машките желби - и тоа е многу ослободувачки. Но на нивно место дојде сет од хиерархии кои се опипливи, но невозможни за дефинирање, кои истовремено се и не се и строги и ограничувачки. Како што кажува главниот уредник во Инстајл, Шарлот Мур, „Се работи за жени што се сликаат сами, за други жени. За женскиот поглед. Само што, машкиот поглед не е толку строг.”

23 февруари 2018 - 12:33