И во свет така, само што е често за понаивни, па и пофини работи (во очите на обичниот Македонец, луѓето се шиткаат од политички причини и точка).
Ана Акана, која што еднаш нè учеше како да си ги завршуваме работите успешно и често мудрува на занимливи теми (како на пример, секс на прв дејт), има скоро два милиони следачи на Јутјуб, што веќе значи дека Јутјуб ѝ е работа. Покрај тоа, по професија е глумица и продуцент, па на нејзините видеа пристапува многу посериозно од снимање со светло од Ибеј и телефон. Кога спрема видео, доаѓа екипа од шминкер, фризер, тон мајстор, светло мајстор, директор на фотографија и тоа е процес што бара многу повеќе посветеност од снимање стори на Инстаграм.
Тие луѓе треба да се платат. И самата Ана Акана треба да заработи. Поради тоа, а и затоа што има доста влијателен канал, прави соработки со брендови (најчесто за дигитални услуги), кои ѝ ги спонзорираат видеата и она кажува по нешто за нив на крај.
И луѓето имаат проблем со тоа!
Иако уживаат во (бесплатната) забава што им ја нуди, им смета што на крај има спонзорирана порака и задолжително се расфрлаат со „you sold out”.
Односно, „се шитна.”
Едноставно, од некоја причина, очекуваат нејзината работа да биде платена со „внимание”, да му „припаѓа на народот”, а самата она да биде „глас на нејзината генерација.”
А стварно е глас. Ана Акана зборува за депресија, за самоубиство, за средување на животот, за мачки, за врски, за другарство, за заштитување себеси од вербални и физички напади. Понатаму, има комични скечеви, секојдневни приказни, обични размислувања, и сите тие му се добри на 'претплатникот', се додека не се потсети дека од неговото кликање - она заработува.
Следи драматично кликање „икс” или уште подраматично затварање на лаптоп.
Веројатно е ред да се помириме дека луѓето никогаш нема да се разберат дека нешто што ти е забавно да го работиш - сепак можеш да го наплатиш. А ако не можеш да го наплатиш од нив, тогаш ќе најдеш начин да се оддржиш за да можеш и понатаму да го правиш. И плус, ако не им наплаќаш нив - не им должиш ништо.