Интересен пристап е, затоа што на детето му се создава навика дека секоја завршена работа носи некаква награда. До детето е после (па и до родителот) дали ќе направи разлике меѓу материјална и духовна награда - работа што баш не ти се прави, ама ќе ја направиш - има зошто ја правиш - ќе ти се исплати; и работа што ти е драга и едноставно те прави среќен.
Овде некаде треба да се најде средината и поентата: да работиш нешто што ти е задоволство. Како заклучок на тоа што го научила во детството, Ана Акана ја вади следната аналогија: денес имам спонзорство од Гугл Хромбук за да можам на раат да работам и да создавам ствари. И се префрла на главната поента од излагањето: како да бидеш попродуктивен.
Прво, вика, престанете со мултитаскинг. Иако ова во денешно време е неочекуван совет, повремено излегува дека ако правите повеќе работи одеднаш, на крајот на денот ниедна не ви е до крај завршена. И ако сакате да биде продуктивно, нека биде - едно по едно.
Второ, имајте листа со приоритети и нека ви биде ориентирана на резултати. Затоа што, ако си поставите недостижни резултати, макар и да е тоа „ќе стигнам за 10 мин. до центар со кола (нема), тогаш се демотивирате и ве прати тоа гадно чувство на ништо не ми е завршено.
И бидете реални со распоредот. Лесно е да напикаш активности и состаноци секој саат, додека не видиш колку е тешко да се штиклираат сите. Плус, заборавате дека ви се потребни многу важни „ситници”: одмор, јадење, благо, неправење ништо.
Вака, ако успевате секој ден да го завршите со успешни мали, па и големи проекти, одма е пофино.