
Создаден во ерата на немиот филм, „Фантомската кочија“ ја надминал својата техничка и уметничка епоха. Во време кога специјалните ефекти се правеле со рачна прецизност, кинематографот Јулиус Јансон користел двојни експозиции за да ја прикаже средбата меѓу светот на живите и мртвите - визуелен подвиг што и денес изгледа неверојатно.
Приказната е инспирирана од истоимената новела на Селма Лагерлеф, првата жена која ја добила Нобеловата награда за литература. Како и нејзините дела, и филмот ја носи таа мешавина на морална длабочина и скандинавска мистичност.
Освен што е куриозитет, „Фантомската кочија“ е приказна за смртта и тежината на минатите постапки. Токму таа комбинација на техничка иновативност и психолошка комплексност го прави класик.
Го има цел на Јутјуб.