Од како да се справите со нервоза и депресија (сестра ѝ се самоубила кога била мала), до полесни теми од типот како да реагирате на глуп бивши дечко (нејзиниот скоро ѝ раскина од некакви идиотски причини). Овој пат - Секс на првиот состанок, дали и зошто да.
Има една јака поента. Ако личноста од другата страна одлучи дека вие не сте доволно добри поради тоа, тогаш и тој/таа не го бива како за вас.
Со овие муабети заедно и интересната информација дека Исланд има сосема поинаква идеја за тоа како треба да започне една врска. Имено, жените се таму толку практични и отворени, што кај нив сексот иде прв, па дури отпосле размислуваат дали вреди емотивно да се вложи во тој човек, што често не знаат ни како се вика во моментот кога ќе се разбудат покрај него.
Да чуеме.