Манекенките на NYFW конечно добиваат гардероби

До скоро, манекенките се соблекуваа пред новинари, фотографи, вработени и шминкери - без воопшто да се помисли дека смее да им биде непријатно.

Ако Вес Андерсон беше на Airbnb

Еден Airbnb домаќин од Канада кој „отсекогаш сакал да биде Тененбаум”, го посветил неговиот простор за издавање на филмовите на Вес Андерсон, и тоа многу верно.

Во '60-ти имало многу похрабро монокини од ова денес

Денес монокини се вика оној костимот со многу отворени препони (што е уствари многу добар), само што, за разлика од првото монокини, современиов ги покрива градите. Во ’60-ти имале друга замисла.

Оди па наречи ја „баба”

61-годишна, сè уште активна манекенка има многу работи да ни каже за животот. Да, се врти околу мода и убавина, и тоа што треба од внатре да го имаш, што не се споредува со ниеден филер и ботокс, ама мудроста е таа - годините не се важни.

Како мислиш, Доритос за жени?

А толку е лесно да се помисли дека чипсот е унисекс работа.

Еден поинаков протест

Стриптизети од Њу Орлеанс, загрижени за своите работни места, влегоа на прес-конференција каде што градот ја отвараше новата, поправена улица Бурбон.

Сега, другарки се, или не?

Ким Катрал вика не. Сара Џесика Паркер исто. Само што, според вторава, не било отсекогаш така.

73 Прашања за Донатела Версаче

Што треба секоја жена да има во плакарот, кој е најдобар дизајнер што постоел и зошто сега ѝ е полесно да зборува за Џани Версаче.

Црното на црвен тепих како празен гест

Успеваш ли да ја пренесеш пораката, ако носиш црно на настан кој е дел од системот против кој се бунтуваш?

И на БАФТА ќе се носи црно

Глумиците повторно ќе протестираат во црни фустани на доделувањето на наградите на Британската академија за филм и телевизија, како што тоа го направија нивните колешки во Холивуд. Има ли поента? Ќе видиме.

Уште ова ви фали во плакар

Ви текнува кога тинејџерките во 2003-та ќе облечеа мини тексас сукња (ама најмини у свет!) и кога за такви викавме „каиш”? Е па, сега најсериозно има таков каиш, и чини 405 долари.

H&M пак мора да се извинува

Тешко тебе ако си голема фирма во свет полн „ранливи” категории, каде што ранливите категории не се тоа што кажува дефиницијата, туку луѓе што случајни настани и изјави ги доживуваат како некој да им брцнал во газ.

Висока мода од улиците на Париз

Почнаа haute couture ревиите во Париз, што значи по улица се шетаат луѓе облечени за таму. И нормално, ги сликаат, за ние да видиме и да се запрашаме, „дали некогаш би излегле така во град?” Па, кога би имале ревии од такви размери, можеби да.

Говорот на Вуди Ален за Дајен Китон и навредените феминистки

Шетајќи по The Cut, инаку одлично онлајн списание, најчесто за жени, преполно со занимливи работи за читање, можете да налетате и на еден текст, со наслов „Зошто аплаудираме кога Вуди Ален ги навредува жените” и текстот, луѓе мои, е сè што не чини во светов денес.

Злосторства против чевларството

Вака би било од прилика, во слободен превод Crimes Against Shoemanity, во недостаток на подобро решение за играта на зборови меѓу humanity и shoemanity. Во секој случај, јасно ви е: криминално лоши кондури, често од сериозни дизајнери, како концепт за Инстаграм профил.

Диор во '50-тите

Лани кон крајот на август, се отвори изложба за славење на уметноста на француската модна легенда Кристијан Диор. Од Лејтлајн доаѓаат до извесна Светлана Лојд - вработена манекенка на Диор од ’50-тите.

Учиме да бидеме сами

Од 2017-та па навака, почна да станува се попривлечно да се оттргнеш од светот. Сè стана заморно, сè предизвикуваше анксиозност: читање вести, движење низ гужва, дружење со роднини. Одеднаш, веќе не беше чудна и туѓа желбата за лежење во кревет, далеку од интернет, далеку од луѓе.

Зошто е толку тешко да се прими комплимент?

Нели комплиментите би требало да бидат една пријатна работа?

На Ерика Баду Хитлер „не ѝ е така лош”

Фрлајќи го западниот свет во очај и неверување, на едно интервју за Vulture минатава недела, Ерика Баду изјави дека „Хитлер можеби и не бил така лош,” еве на пример, бил „прекрасен сликар”. Ама полека. Без разлика дали ние ќе дискутираме колку е во право, Ерика Баду има едно мирно објаснување за тоа зошто така размислува.

Човек просто да засака сатанисти

Сатанистички храм, така се вика една секуларна организација од Масачусетс, штотуку извојува битка во корист на сите што сакаат да имаат право на абортус, без државата да им се пика во матка.

Ако ви се станува експерт за мода од 19-ти век

Зошто на пример, во филмови на Џејн Остин, повозрасните носат едни, а помладите други фустани?

И Брижит Бардо ги заплеска #MeToo

Во уште еден од илјадници примери за тоа колку Европа поинаку се доживува себеси од Америка, Брижит Бардо се јавува како уште една филмска легенда што не е задоволна од движењето кое од корисно полека се движи во една модерна, феминаци верзија на приказната со овчарот што вика „Волк, волк!”

Најдобриот ресторан во Лондон и неговиот 'мал' проблем

Од сите 18.000 ресторани во Лондон, The Shed at Dulwich беше на прво место на Трипадвајзор. Немаше шанси да стигнеш до резервација, критиките блескаа, луѓе се фалеа дека јаделе прекрасни оброци со еден домашен шмек, а не се служеа оброци, туку „расположенија”. Овој хипстерски рај, во рок од седум месеци стана најдобар во еден од главните градови на Европа. Со еден проблем. Не постои.

Што значи микро-прељуба?

Микро-мамење. Микро-варање. Како сакате, 2018-та сме. Се разбира дека има вакви термини.