Најдобриот ресторан во Лондон и неговиот 'мал' проблем

Од сите 18.000 ресторани во Лондон, The Shed at Dulwich беше на прво место на Трипадвајзор. Немаше шанси да стигнеш до резервација, критиките блескаа, луѓе се фалеа дека јаделе прекрасни оброци со еден домашен шмек, а не се служеа оброци, туку „расположенија”. Овој хипстерски рај, во рок од седум месеци стана најдобар во еден од главните градови на Европа. Со еден проблем. Не постои.

Така, не постои. Го има измислено еден новинар на Вајс, Уба Батлер, сакајќи да докаже колку можат да бидат лажни и извикани работите кога се онлајн. Прави неколку фотографии од другари како јадат нешто што треба да е Инстаграм-храна, а е јајце на око попрскано со бибер и некое растение од страна; набавува телефон, фрла сè тоа по интернет и наскоро Трипадвајзор го одобрува.

Еве го тоа што другите го гледале. Да, ногата е под јајцето.

Во следните седум месеци ѕвонат блогери, маркетинг агенции, телевизии се обидуваат да дојдат до маса користејќи акредитации како аргумент, фрчат критики, ѕвезди и обиди за резервации, а Батлер со едно незгодно ги откачува со „букирани сме во наредните шест недели”.

Притоа, билда заинтересираност со тоа што изводи со менито, опишува атмосфера на која што огромен број на луѓе денес паѓаат, а немаме друг збор за тоа освен - хипстерска; се расфрла со терминологија за храна, откачува нови и нови луѓе...

За овде. Луѓето се окозија од фаќање врски за да влезат овде.

А потенцијалните гости па, колку повеќе ги откачува, толку поманијачно се трудат да се изгребат макар за стапнување внатре.

И сето тоа од неговата шупа од куќа (од таму и инспирацијата за името), од неговиот мобилен и неговиот компјутер.

Додека не дојде време да отвори. И тоа какво отварање е!

Поентата е постигната. На ваква простачка, а сепак бескрајно итра маркетинг студија за човечката подложност на реклама и лесно паѓање на добро спакувана, сјајна приказна накитена со вистинските трендинг клучни зборови и модерните економски и факултети можат да позавидат. 

Хајлајти:

  • Дотерувањето за на Скајп („морам да се облечам и да зборам како таков кретен!”)
  • Ликот со кокошките (колку нежно си ги сака!)
  • Човекот што ја опиша купечката супа во шоља како war classic (кај им текнуе!)
  • Тие двајцата на кров (пак, кај им текнуе.)

Видете сами:

24 јануари 2018 - 03:17