Не е сукња, немој да ви текнуваат идеи.

Уште ова ви фали во плакар

Ви текнува кога тинејџерките во 2003-та ќе облечеа мини тексас сукња (ама најмини у свет!) и кога за такви викавме „каиш”? Е па, сега најсериозно има таков каиш, и чини 405 долари.

Каишот е од една колекција со наслов UNRAVEL PROJECT, каде што можете да најдете и други работи што воопшто не си ја вршат работата. На пример долга тексас сукња со шлицот каде што нема потреба да биде, или скинати фармерки, не од тие што се само за финта скинати, него им фалат баш парчињата што ги прават - облека.

И се разбира:

Ова неодоливо потсеќа на едни, као, тексас корсети исто така од рани 2000-ти (имаа тие 2000-ти свои мрачни моменти), што махерски успеваа да го уништат секој изглед во кој што беа вклучени, ама мајсторски, инстант, со предизвикување ужас.

А сепак, еве го во 2018-та.

Од друга страна, ќути, бар има џебови, и тоа нормална длабочина. Џебовите се малку како апстракција за денешните дизајнери на женски панталони. Како да не им е до крај јасно дека Ајфон Х е исто голем за сите.

Но добро. Се нашаливме, сега да заборавиме дека сме ги спомнале тексас корсетите, да не му текне на некој да ги враќа. Ако можеше тангата што ѕирка од панталони да ја враќаат, што па да не се закачат и за тој криминал.

2 февруари 2018 - 10:09