Додека ниско исечените фармерки ми се непрежалена помината мода и драго ми е што ќе се вратат, сè ми се чини дека тангата прво има многу за објаснување зошто постои (сте пробале ли?!), а второ зошто се враќа.
А една од неколкуте креаторки што го вклучи овој изглед во колекцијата пролет 2018, Светлана Бевза вели: „Нема ништо посекси од тоа.”
Ама, може ли да се кладиме дека има, Светлана.
Затоа што тоа никогаш не изгледаше вака:
Најчесто изгледаше вака:
На Вог имаше и една ода за видливата танга, плус авторката на текстот се согласува:
„Малку видлива танга е како намигнување во светот на долната облека – не ти се пика во фаца како бучно лого напред на боксерките. Ама не зборуваме за неонските розеви гаќи што и излегуваа на Парис Хилтон од плишаните тренерки во 2004-та (Ама фала богу ваљда, што не зборуваме за тоа?), туку за црни, обични танга гаќи, како верзијата на Том Форд од една Гучи ревија од 1998-ма.”
Кога ќе помине првобитниот шок од овој флешбек, полека ти станува јасно дека, ако зборуваме за „намигнување”, а не „врискање у фаца” како што тоа го правеа гаќите на Бритни Спирс во спотот на I'm a Slave for You, тогаш... кој како милува. Сепак сите рециклирани трендови се враќаат подостоинствено и поодмерено од нивното претходно присуство, па може ќе го биде и овој.
А понатаму во текстот, новинарката продолжува со експеримент, испробувајќи го овој изглед во редакција на работа, да види дали може идејата да се примени во реалноста.
Ние во Офф.нет тоа нема да го провериме.