Всушност, тешко дека некој има проблем со она што движењето тврди дека го претставува. Никој, па ни Французите не можат да спорат дека „сељак остаје сељак”, а сељак што злоупотребува моќ за сексуално да вознемирува во секој поглед послаби од себе треба дебело да се мавне по џеб, па и по слобода. Она што ги нервира Французинките е преминувањето во патетика и ускратувањето на слободата меѓу половите. А Брижит ја посочува и другата страна на паричката:
„Многу актерки ги заведуваат продуцентите за улога. А потоа, за да зборуваме за нив, ќе речат дека се вознемирувани. Повеќето се лицемерни и смешни.”
Колешката и сограѓанка Кетрин Денев неодамна се соочи со остри критики заради потписот што го стави на едно отворено писмо, заедно со уште стотина други жени, каде што го критикуваше движењето. Потоа им се извини на жртвите кои писмото ги погодило, притоа повторно изразувајќи загриженост околу обвиненијата за сексуални напади. Сепак, да не забораваме колку многу вистина има во нејзината изјава, „Мажите треба да можат слободно да им се пуштаат на жените”, и колку ќе станува допрва непријатно ако светот не ја послуша.
Назад на Брижит Бардо: да се разбереме, Брижит е веќе една прекрасна баба. И баба како баба, оперирана од устручавање, ослободена од срам и со секое право да паметува после сè што поминала, особено во истата индустрија што сега гори, продолжува, без заобиколување:
„Никогаш не сум била жртва на сексуално вознемирување,” вели Бардо. „И ми беше шармантно кога мажите ќе ми речеа дека сум убава, или дека имам убаво газе.”
Доколку после изјавава добиете напад на бес, запамтете дека - никој не нè тера да се воодушевуваме на вакви коментари. И во исто време, на Брижит Бардо не ѝ треба нашата помош и објаснување дека тоа не е во ред. Напротив.
Патем, еве како изгледа жена со мувата на капата, во разговор со човек што нема апсолутно ништо против неа.