Манекенките на NYFW конечно добиваат гардероби

До скоро, манекенките се соблекуваа пред новинари, фотографи, вработени и шминкери - без воопшто да се помисли дека смее да им биде непријатно.

Не само што сексуалното вознемирување во модната индустрија е многу присутно, туку е и ужасно тешко да се открие. Манекенките се често многу помлади од повеќето вработени, многу од нив не го ни зборуваат јазикот на оние кои ги најмуваат, плус да бидеш успешна често мора да вклучува и да бидеш секси. Од пред неколку (скандалозни) месеци, тврдењата за сексуално вознемирување се сфаќаат посериозно и во, и надвор од модната индустрија, и се преземаат чекори кои одамна требаше да се преземат за да се заштитат манекенките. Советот на модни креатори на Америка штотуку го објави партнерството со Алијансата на манекенки - организација основана од Сара Зиф - и објави дека манекенките конечно ќе добијат приватни гардероби за пресоблекување на Њујоршката модна недела.

До скоро, манекенките се соблекуваа пред новинари, фотографи, вработени и шминкери - без воопшто да се помисли дека смее да им биде непријатно.

„Манекенките изразија загриженост за инваизвното фотографирање и недостатокот на приватност додека се пресоблекуваат зад сцената на модната недела,” изјави Зиф за The Cut. „Алијансата на манекенки го сфаќа ова многу сериозно и одлучивме да преземеме додатни чекори оваа сезона за да можат достоинствено да работат зад сцената.”

Агенцијата ИМГ и популарната локација за ревии Пиер 59 рекоа дека ќе ги имплементираат овие промени.

Карла Бруни во екот на најголемите јавни обвинувања за малтретирање во Холивуд, изјави дека во модниот свет воопшто нема проблеми, само што, досега научивме дека она што не им е проблем на Французите, Американците го влечкаат по наслови со денови. Во секој случај, тешко може човек да се преправа дека во таква индустрија нема такви работи, па оваа иницијатива не го затвара ова поглавје, туку само го почнува крајот на проблемите со сексуална експлоатација во модниот свет.

7 февруари 2018 - 13:23