Една недела после американските претседателски избори во 2016-та, актерката Лизи Каплан пристигна во Лондон на премиера на нејзиниот филм Allied, драма на Роберт Земекис со дејствие за време на Втората светска војна. Се смешкаше пред камерите и гордо ја покажуваше дланката на која ѝ пишуваше „Love Trumps Hate”, фраза од кампањата на Хилари Клинтон.
(Слоганот беше игра на зборови - зборот Trumps е искористен како синоним за „победува”, во нешто што треба да значи „Љубовта ја победува омразата”)
Овој слоган ја налутува и ја предизвикува новинарката Џена Вортам да напише текст за Њујорк Тајмс.
„Слоганот, така начкрабан на раката, ме налути. Бесот немаше логика. Не беше кон г-ца Каплан, која ја обожавав уште откако се појави во „Злобни девојки”. Се нервирав зошто тој гест е воопшто прифатлив како храбар или способен да помогне некому освен на нејзе самата. Љубовта е емоција која самата по себе не е доволна да го уништи капитализмот или да разруши вековни системи кои сè уште функционираат денес.”
Пасивниот обид за протест нна Каплан стана честа појава после изборите.
Имаше еден случај со девојка која носеше безопасна на сакото, а го опиша гестот како „форма на отпор против омразата и негативноста.” Во Портланд осамнаа знаци по улиците на кои пишуваше „Добредојдени се сите раси, сите религии, сите земји на потекло, сите сексуални ориентации, сите полови, сите способности.” А, како што кажува Вортам, пасивно да чекаш да дојде подобра иднина не е стратегија - тоа е луксуз и привилегија.
Потоа доаѓаат црните фустани на Златните глобуси и Вортам добива уште еден наплив на бес.
„Има нешто вознемирувачко во тоа колку малку можат да изгубат овие славни личности со ова однесување. Не ризикуваат финансиска пропаст, ниту се под закана од насилство, како што обично бива кога имаш храбар став. Изгледа сосема привилегирано и малку соучеснички сепак да учествуваш во еден поголем систем кој одобрувал сексуално насилство во твојата индустрија. Освен тоа, нели и секако си носат црно повремено?!”
Како што наближуваат Златните глобуси и сè повеќе луѓе најавуваат дека ќе носат црно, Вортам замислува редица актери, во тишина, цели во црно, мажи и жени. Ненасилни, визуелни протести не се без преседан и често знаат да постигнат моќен ефект ако се изведени како што треба. Наместо тоа, имаме гужва од спектакуларно дотерани жени, на промоција на нивните филмови, креирани во индустрија што често вртела поглед во случаи на сексуално насилство. Тука Вортам го поставува прашањето, „зошто па мораат да одат? Зошто не го отседат настанот по дома? Зошто не бојкотираат сè?”
Сепак, заклучокот дека овие прашање, иако не се баш глупави - не држат доволно вода, го носи откако ја чита изјавата на Мери Џ. Блајџ, која беше номинирана за награда.
„Има толку многу жени од други индустрии што не добиваат шанса да кажат нешто. Важно е да ги браниме и нив, за да ја добијат таа шанса.”
Ако си фан на човек што треба да се појави таму и ако си фан од вистинските причини, тогаш се случува да ти се смени перспективата. Овде Вортам завршува:
„Таа заслужува да биде на телевизија, облечена во црно од глава до пети, давајќи им знак на жените што ја гледаат од дома, кои се фанови на нејзината музика со години дека знае за нив и мисли на нив.”
Најново сега е дека црно ќе се носи и на БАФТА настанот.