- „Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија „Сказните на Биби“ на својата платформа „TIMVision“ која е достапна на територијата на цела Италија.
- Светот на Биби“ е најуспешниот едукативно-забавен бренд за деца во Македонија и пошироко во регионот. Со над 100 милиони прегледи на Јутјуб, брендот ги освојува срцата на децата преку анимирани серии, песни, интерактивни книги, образовни програми и лиценцирани производи.
- Емитувањето во Италија започнува од септември 2025 година.
- Браво за екипата; алал вера дечки.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.