Никој не му го знаел името, бил само еден од основачите на ланец за продавање фармерки. Почнал сам да дизајнира и нестрпливо го чекал големиот успех.
Една индиска текстилна компанија сакала да влезе на американскиот пазар и барале млад дизајнер кој би можел да стане новото лице на американскиот стил. Ги споиле баш со него, па Индијците решиле да ја финансираат маркетиншката кампања на Хилфигер. Тука на сцена настапува еден маркетиншки маг, дизајнер и арт директор - Џорџ Лоис.
Она што Лоис ќе го направи треба да (и најверојатно се) учи во школо.
Осмислува билборд на кој комплицираното име на непознатиот Хилфигер го става како за играње бесилка, заедно со имињата на најпознатите дизајнери во тоа време - Келвин Клајн, Пери Елис и Ралф Лорен.
George Lois ad from 1985 that launched Tommy Hilfiger in the US
— richard shotton (@rshotton) December 12, 2019
Hilfiger later said “If I hadn’t listened to George Lois in 1985, I’d probably be poor today.” https://t.co/CYuW4sOUWk pic.twitter.com/MkAoKMlqTM
И го става билбордот на Тајмс Сквер.
Направил сензација. Никој не го знаел човекот чие име стоело до најголемите дизајнери. Ама сите - сите го поврзале со нив. И тоа била поентата - мистеријата и впечатокот дека тој е веќе големо име во светот на модата. Кредибилитетот го создава буквално преку ноќ. Една недела подоцна го викаат во шоуто на Џони Карсон, па следеле други гостувања, насловни страни на списанија, се појавил дури и во музички спотови. Не продавал само облека, го продавал и сопствениот идентитет.
Реакциите биле измешани - критичарите сметале дека тоа што го направил е дрско, но јавноста сепак била заинтересирана, што всушност и му требало. Штом ја лансирал првата колекција, луѓето просто се појавиле - веќе го знаеле, па поверувале дека и работата му ја знаат.
Денес, Томи Хилфигер е глобално познат бренд и вреди неколку милијарди долари.