Прес-конференцијата градот ја оддржувал по повод новиот асфалт на улицата Бурбон, за која изјавиле дека е „конечно отворена за работа ” после одреден период поминат во градежни работи.
Сепак, неколку од најпознатите локали на улицата - стриптиз-клубовите се затворени после серија рации за кои полицијата тврди дека се изведени во борбата против трговија со луѓе. Апсења баш за тоа немало, ама градот и државата полнат буџет со пишување еден куп казни по пат (а ние сме во чекор со западот!).
Извештаи тврдат дека за клубовите Scores, Stilettos, Rick’s Sporting Saloon, и Rick’s Cabaret не треба никој да се секира - наскоро ќе бидат отворени. Нејасно е само околу неколку, со уште поинтересни имиња: Larry Flynt’s Hustlers Barely Legal, Hunk Oasis, и Dixie Divas. Еден е трајно затворен, се вика Temptations.
Стриптизетите се жалат дека се без работа на Марди Гра, еден од најзначајните периоди на градот (во кој може и најмногу да се заработи).
„Секогаш кога ноќен клуб ќе се затвори, танчерките остануваат без работа,” вели Сејбл Монголд, забавувачка и претставник на Бурбонската алијанса за одговорно забавување (BARE, на нашки - ГОЛО). „Се заработуваат помалку пари и се повредува економски најранливата група работници.”
Други пак, се загрижени дека затворањата се всушност напор да се избрише душата на градот и да се претвори во Дизниленд. Една изведувачка, Алисон, за Гамбит изјавува:
„Ако новиот Њу Орлеанс изгледа како невработена стриптизета, тогаш не сакам да бидам дел од него.”
Нели бе, некако би сакале најголем проблем да ни биде затварање на стриптиз-клубови, наместо ова другово?