Висока мода од улиците на Париз

Почнаа haute couture ревиите во Париз, што значи по улица се шетаат луѓе облечени за таму. И нормално, ги сликаат, за ние да видиме и да се запрашаме, „дали некогаш би излегле така во град?” Па, кога би имале ревии од такви размери, можеби да.

Иако, ќе видите дека нема овој пат претерувања какви што знае да има и за многу помали настани. Најекстремните и по Скопје можат да се видат, ако се најдеш којзнае како на вистинското место за такви некои, ткаени џемпери, чудни шарени панталони и рециклирани ташни. Ама тоа се еден-два случаи. Општо земено, доста е интересно. Има волшебни ствари, има „?!” ствари и скоро сè makes sense.

Ако ви се чита што значи Haute Couture и и како се разликува од Prêt-à-Porter, тука.

Овде ќе се задржиме само малку. Само малку, колку да се означи колку добра кондура е ова.

 

Овде нема да се задржиме.

И овде малку ќе си поседиме. Може ли конечно во Скопје да се донесат ВАКВИ чизми, наместо сè друго недозреано што го гледаме кај стигнеме? М? Може ваква штикла? Фала.

виа

31 јануари 2018 - 10:58