Haute Couture наспроти Prêt-à-Porter

...односно, висока мода вс. спремни парчиња. High fashion и ready-to-wear. Couture, во случај никогаш да не сте запрашале што значи, е едноставно - шиење.

Haute Couture опфаќа шиење по нарачка, рачно создавање на парчето облека бара часови и часови работа, а само мал број на луѓе можат да си го дозволат со оглед на тоа што знае да чини и неколку илјади евра (често и многу повеќе од само „неколку”). Модната недела резервирана за висока мода е она што ја прави модата таква каква што е, причината за која луѓето се одлучуваат за кариера во мода и одат по такви школи, а покрај таа, има и посебна за спремни парчиња, кои можат веднаш да се купат и се тие што ги има по излози.

Денес ги имаме двете варијанти, затоа што, веќе до 1950-тите и после втората светска војна, буџетот на луѓето се смалува и им треба еден попрактичен пристап кон облекувањето. Во превод, имаат посериозни проблеми од само јака облека и уште многу малку сродни работи.

Овде се одговараат прашањата зошто има и таква и таква модна недела? Кои брендови имаат секогаш по две? И зошто високата мода е толку скапа?

12 декември 2017 - 13:00