Crimes Against Shoemanity:

Злосторства против чевларството

Вака би било од прилика, во слободен превод Crimes Against Shoemanity, во недостаток на подобро решение за играта на зборови меѓу humanity и shoemanity. Во секој случај, јасно ви е: криминално лоши кондури, често од сериозни дизајнери, како концепт за Инстаграм профил.

Кога Баленсијага ни ја покажа Triple S патиката во септември, интернетот, као беше згрозен, за на почеток на 2018-та сите некако да се бендисаат во вакви патики за косење трева. Озвиго на Раф Симонс со години прави ужасни обувки заедно со Адидас, Рик Овенс веќе почнува да ја враќа онаа машка папуча што мажите кај нас мислат дека смеат и на кафе да ја носат (се извинувам, Birkenstock), а Џереми Скот е упорен да ги врати Uggs на сцена.

Миуча Прада ова го најави уште во 2013-та: „Грдото е привлечно, грдото е возбудливо. Можеби затоа што ни е ново.” Но дури и таа би била изненадена од колекцијата на @crimesagainstshoemanity, Инстаграм профил со единствена цел да ги собере најгадните кондури на светот. Не само што е одвратно, туку е и одвратно релевантно: некој на пример споил Nike Shox со оние Тајд капсули за перење што светот сега решил да ги јаде.

Не е само до дизајн, криминалите се и врз самите кондури.

На пример:

НА ПРИМЕР!

Еве ги Тајд чорапите:

*плаче*

Во духот на мултифункционалноста:

А зошто упаљачите?

Совршено за со многу тесни, многу уз врат панталони... И си знаете.

Овие ги имавме тука.

А овие за со ова.

Ако многу сакаш каубојки, ама лето е.

И како тоа изгледа:

Страв ми е од помислата на македонскиот еквивалент на оваа чизма:

Го прашаа сопственикот на профилот:

Зошто грдата „убавина” ни е толку привлечна?

„Веројатно не би го искористил зборот убавина, но може да има врска тоа што е нешто суштински поразлично. Навикнати сме сосила да ни покажуваат што „изгледа добро” и што е „трендинг” преку медиумите, иако сега грдото е во тренд. Можеби чувството е добро, или е алтернатива да видиш нешто што провоцира реакција, дури и да е негативна.”

30 јануари 2018 - 11:44