Ако го прочитавте текстот Зошто светската мода се врти кон источна Европа, тогаш познато ви е името Димна Васалија и неговите заслуги за ставање на источна Европа на модната мапа. За него рекоа:
Кога прв пат влегува во фелата, многумина не ни знаат да ја покажат Грузија на мапа, а не па да разбираат какви парчиња има во неговите пост-советски, „рани ’90-ти“ колекции. Предизвика љубопитност за историјата и културата во тој регион и сериозната група таленти што ги има земјата, Васалија само успева да ја качи на сцена.
Можеби таа источноевропска естетика, му ја раѓа идејата да се умеша во естетиката на Баленсијага и да успее да ги убеди дека Крокс, на платформа, со нешто што личи на магнетчиња за фрижидер врз нив е одлично. Вака тоа он го објаснува:
„Тоа е многу иновативен чевел. Лесен, едно парче пена е во прашање, а мене ваквите техники и работењето со вакви материјали ми е многу Баленсијага.
Во иднина, ќе можете да си ги принтате на 3Д принтер дома, затоа што се едно парче.”
Бизарната обувка ќе дојде во продавници на пролет. До тогаш, размислете дали ви се свиѓа.
Држете среќа само да не дојде Димна Васалија тука и да види што значи ЧИК папуча. Затоа што е многу можно од Ермес веќе да ги навел патот: