Зошто светската мода се врти кон Источна Европа?

Светот е мал и станува сè помал, барем во светот на модата. А со едни те исти уредници и дизајнери што скакаат од едно до друго списание, се чини дека има помалку оригинални идеи отколку што има луѓе да ги реализираат. Но како што индустријата повторно се вљубува во она што беше модерно пред 20 години, се појавуваат и моменти каде што тој мал свет не е баш толку заостанат.

ф

На почеток на летово, Condé Nast International дискутираше за полско издание на Вог кое би почнало во 2018-та. После оваа објава стана јасно дека Вог Полска (инаку 23 интернационално Вог издание) нема да биде корпоративна, американизирана идеја за тоа како треба да изгледа полската верзија на Вог. Не само што е брендот создаден заедно со новата полска медиумска компанија Вистериа, туку и ангажира исклучиво полски талент – вклучувајќи го и главниот уредник Филип Нидентал, кој го лансираше Esquire во Полска во 2014-та.

Историски гледано, Источна Европа не била најсреќно решение за Вог: Пред полскиот Вог, единствените наслови што можеа да се најдат се Вог Русија (1998) и Вог Украина (2013). Но модата се менува, а движењето на Вог кон исток рефлектира една промена кон глобализација на она што веќе сме го виделе на модните писти.

Полска во моментов создава една сцена која може да поддржи модно списание од калибарот на Вог. Во јуни, Карина Добротворскаја, претседателка за новите пазари на Condé Nast и директор за развој на брендот, за Бизнис оф Фешн изјави дека медиумската група веќе неколку години го мерка полскиот пазар: дури сега, со недамнешниот развој на полскиот пазар за висока мода, е вистинското време. Според списанието, економијата за луксуз на Полска цвета.

Во моментов, експанзијата во голема мера се должи на метеорскиот пораст на „неки нови (јаки) клинци“ како Димна Васалија од Грузија и Гоша Рубчинскиј од Русија. Васалија е најпретставителен пример: создаде толку инстант фама што го вработуваат во Баленсијага како замена за Александар Ванг.

Кога прв пат влегува во фелата, многумина не ни знаат да ја покажат Грузија на мапа, а не па да разбираат какви парчиња има во неговите пост-советски, „рани ’90-ти“ колекции. Предизвика љубопитност за историјата и културата во тој регион и сериозната група таленти што ги има земјата, Васалија само успева да ја качи на сцена.

Неговиот урбан реализам има длабоки корени во неговото детство во Грузија, но има и влијанија од она што стана младинска култура во регионот по распаѓањето на Советскиот сојуз. Во земји како Грузија и Русија, пост-советскиот период предизвика пораст на креативноста. Рубчинскиј на пример, направи голем бизнис од ретро соработки, создавајќи бренд од носталгични партнерства како со Reebok, Vans и Camper.

Покрај тоа, без разлика што источноевропските земји како Полска, Чешка, Словачка и Унгарија не беа формални членови на Сојузот, кај нив се гледа истата таа културна гордост која стои рамо до рамо со нивните пост-советски комшии. Ова им е познато на дизајнери како Васалија и Рубчинскиј, но за светот, Источна Европа е сепак неистражено тло.

Замислете, Источна Европа важи за секси егзотична дестинација! Нам тоа би ни било смешно, се разбира, ама има причина: земјите од источна Европа толку долго беа отсечени од светот, што се зачувани како во временска капсула.

И тоа знаеме.

На источна Европа не ѝ го забораваат ни ноќниот живот, како точка на интерес за модните медиуми, како и константен извор на инспирација за регионалните креатори. И ако се раководиме според предвидениот успех на Вог Полска – источна Европа го владее пазарот, интересот и уредувачкиот талент. И ќе ја запамтиме.

15 август 2017 - 13:46