Со еден твит, за кој наскоро веројатно ќе се изнагледаме теории на заговор за тоа дали е платен, смислен или што и да е, Џенер го чинеше Снапчат 1 милијарда долари од неговата вредност.
Убиство.
Особено што твитов доаѓа во време кога верните корисници се револтирани од новиот изглед и функции на апликацијата, со одвојување на корпоративните канали од содржините на тие што ти се пријатели, што на некои луѓе им беше тешко за снаоѓање. Сега инвеститорите гризат нокти поради ова, плус и поради самата озлогласеност на Снапчат дека не ги бива многу за објаснување како се користи апликацијата.
Резултатот од твитот на Џенер до нејзините 24 милиони следачи на Твитер вчера, е акции паднати за 7.2 проценти, што брише 1.3 милијарди долари од вредноста на Снап.
What a time to be alive.