Што имаше низ улиците на Њујорк за време на Модната недела

Не сте биле на New York Fashion Week оваа година ако не сте носеле беретка, ситни очила за сонце или и двете.

Капата годинава ќе ја гледаме цела година на секакви глави, освен на оние родени во Париз. Истото важи и за шарено крзно.

А затоа што на овој 10-ти февруари кога се направени овие фотографии беше ладно, следува  инспирација за чизми. Меѓу сите видови, сликите налагаат дека оваа година ќе се изнагледаме бели чизми, што се многу деликатни за носење, затоа што кај нив тенка е линијата меѓу фино и евтино.

Скоро сè што е капут е гломазно и се труди од петни жили да не прати линија на тело. Сè што е јакна сака да биде огромно, скоро како монтки кога им купуваа на некои деца во прво одделение, со намера да ги носат до осмо.

Од приложеното се гледа дека anything goes.

За жал, карираното ќе се задржи, очигледно.

Одлична вест е дека вакви огромни, божем машки капути уште функционираат. Не дека треба слепо да се држиме до тоа што е во тренд, причината за радување е многу попрактична: ако ти се свиѓа, а е модерно, полесно се наоѓа во продавница.

Крзното само по себе престанува да биде доволно и му се додаваат бои.

...И уште бои.

Од некоја причина, и ова функционира. Односно, монтки, идете си дома. На ред доаѓа душек од бебешко креветче во неочекувани бои.

Веројатно најдобрите бели чизми од сите бели чизми чкрапнати на датумов.

И чизми со автоматска заштита од скопски сељак во кола кога врне.

Како што реков, anything goes.

Јакната со принт од Фрида Кало и едно од нафотографираните парчиња.

Ова не е случајно. Сериозна ташна е, и не е една ваква.

И омиленото.

виа

16 февруари 2018 - 22:31