Се вратија сите можни модни декади што можеа да се вратат, косите и шминките од ’80-ти, фустанчиња од ’90-ти, па и ниските струкови на рани 2000-ти, ѕвонарки, широки кошули, често добредојдени работи, не е проблем. И фала богу, не може којзнае што да се измисли, не ќе се шетаме во костими од Hunger Games, ама друго е рециклажа чијшто потсвесен слоган не може да биде ништо друго освен „не знам, ама еве го пак.”
Да се разбереме, никој нема против килт, или карирана црвена сукња како институција, сепак, ова второво никогаш не ни се поместило од својот костимографски пиедестал во една друга индустрија (порно, де). Ама враќање на карираното кога конечно стигнавме до прекрасната мода на неутрални бои, и тоа после бројни неуспеси е, во недостаток на подобар термин – досадно. Карираните капути никогаш не ја достигнаа популарноста на camel капутите, на сивите Lèon капути (како Жан Рено во „Професионалец”), на класичните црни, на бањарките за во град, а сепак, упорно ни ги пикаат пред нос.
Мислам, Тумблр врие од слики.
И после зошто @dietprada ги закача сите дизајнери – има еден прејак профил на Инстаграм што буквално им држи предавања на сите модни ентузијасти, и цела модна индустрија за тоа колку они се копираат меѓу себе и колку се понекогаш безидејни, освен одредени исклучоци. Со аргументи, докази, со сè. И тоа не како надежни ноу нејм дизајнери копираат куќи како Луј Витон. Обратно бе, само што тоа не е ништо ново, а и вака на пример:
Така и со карираното. Само што, прашањето останува, до кога ќе нè фураат дека е ново, кога карирано не потсетува на ништо друго освен на старо.
Но, во духот на давањето шанси, па и на навикнувањето каква униформа ќе гледаме по град, да видиме што може бар да пројде.
Ако морате, тогаш нека биде ова.
Уште подобро - ова.
Ако ви дошло до крупно, нека биде темно.
Или скроз да баталиме капутите? Може вака?
Угушете го дезенот вака, на пример.
Или нека биде само шал.
Има и повозбудливи трендови за пратење од овој. Прашање е само колку од помодарците и балканските модни сајтови ќе го изголтаат „новиот” тренд, како лани што го изголтаа до задавување тој со парка со крзно во боја (бар беше ново кај нас, иако во светот веќе не беше до толку ново).