А вие што би го прашале Хомер?

Не Симпсон, туку поетот. Авторот на Илијада и Одисеја, од кои втората добива нова адаптација од Кристофер Нолан. Прашуваме, затоа што и Лупита Нјонго има прашање, ама прашањето не е добро. Напротив.

„Одисеја“ на Кристофер Нолан треба да излезе за некој ден, и ѕвездите во филмот во моментов работат на промотивни интервјуа, кои освен промоција, имаат за цел и да санираат штета, со оглед на тоа што трејлерот руши рекорди во дислајкови на на Јутјуб, а потенцијалната публика никако да престане со негативни коментари, од јазикот што се користи во филмот (My DAD is coming), до кастингот (Лупита Нјонго, Елиот Пејџ, итн.).

И на прашањето „Кога би можел/а да го гледаш филмот седнат/а со Хомер, што би го прашал/а за твојата изведба?“

Повеќето одговараат дека би го прашале што мисли за нив во филмот, но Лупита Нјонго решава дека ќе го изведе тоа што Рејчел Зеглер го изведе кога ја прашуваа за „Снежана“. Рече дека би му рекла,

„Па, Хомер, како се чувствуваш во врска со тоа колку простор добиваат жените на филмот, со оглед на тоа колку малку простор им даваш ти? М? Се сеќаваш на нас?“

Нјонго ја игра Елена Тројанска и нејзината сестра Клитемнестра и во интервјуто сподели дека многу се радува што Нолан обрнува внимание на доживувањата на жените во војна.

Како малку да беше критикување, сега луѓето (веројатно со право) мрчат дека да се караш со Хомер околу женската застапеност во приказната е анахронизам и глупост.

Притоа, сите забораваат на една работа - еве да речеме дека со времеплов ќе го донесеме Хомер да седи со нас во кино, за после да го испрашуваме глупости, и тоа под услов да не е и самиот митски лик.

Како тоа мислат Хомер да гледа филм?

8 јули 2026 - 16:45