„Снежана“ е најновиот филм што Дизни го направи игран, откако откри дека преправањето од долгометражни цртани во долгометражни филмови е златен рудник. Е, проблемот е што од што сакаа да ја направат Снежана прогресивна, свртеа крукче и пак исповреѓаа еден куп луѓе. Уште кога се најави дека ќе се снима и кој ќе ги толкува главните ликови, се почна со мемиња - луѓето не можеа да сфатат зошто некој би ги убедувал дека Гал Гадот, како Лошата кралица би ѝ била на било кое поле љубоморна на Рејчел Зеглер како Снежана.
На пример:
Не е дека Зеглер е толку лош кастинг за Снежана, еве ја за фотосесија за промоција на филмот, каде што не е толку несреќно средена од богзнае кој стилист:
Луѓето се бунеа уште за Ариел од „Малата сирена“, дека е данска приказна и нема смисла Ариел да биде црна, иако тоа не беше баш и некој аргумент затоа што ликот е митско суштество, па не успеваа да се докараат на социјални мрежи.
Сепак, не остануваат премногу контра-аргументи на фактот што Снежана има кожа „бела како снег“, од каде што доаѓа и името, а Зеглер е половина Колумбијка. А масло на оганот се долеа кога Зеглер и Гадот се појавуваа на пресови за „Снежана“ и почнаа да објаснуваат на кој начин и со какво сценарио Дизни ќе се вклопи во новото освестено време.
Кога новинарот прашува „Каков е тој современ агол кој го воведувате?“, Зеглер гордо ќе каже дека тоа значи дека веќе не сме 1937 и дека оваа Снежана не чека да ја спасуваш, не е „да ја жалиш“, не ја интересира принц, и сето тоа како којзнае каква топла вода да имаат измислено. А бидејќи се трудиме да живееме во прогресивен свет, се најдоа навредени сите што искрено го почитуваат буквално секој избор на секоја жена, па макар тоа било и да биде домаќинка и да сака да се вљуби во некого.
„Волт Дизни се превртува во гроб,“ вели еден од коментарите. „Неговиот прв филм. Еден од најреволуционерните некогаш направени. Обично ги игнорирам овие римејкови, но овде повлекувам линија. Ова е непростливо.“
На Инстаграм веќе рецитираат цели „докторски дисертации“ за тоа зошто треба да се знае дека Снежана веќе беше револуционерна, веќе беше силна и опасна, плус зошто е проблем што сега да побараш помош, заштита, или да се вљубиш се смета за слабост.
Проблем е и костимот, затоа што повеќе личи како да е купен во продавница за маски, отколку на костим за филм вреден милиони долари:
Според многумина, филмот е веќе осуден на пропаст. А тоа што Зеглер објави уредно монтирано видео од нејзината душевна состојба не помогна, ама ич:
Woke Snow White is now playing the victim. Who could have predicted this? pic.twitter.com/A1cLvdmdxD
— Libby Emmons (@libbyemmons) August 16, 2023
Можно е на публиката да ѝ дојде преку глава да ѝ кажуваат што треба (и смее) да мисли.