- Министерството за внатрешни работи на својата официјална фејсбук-страница објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција, без притоа да ја означи како таква.
- Фотографијата беше објавена како илустрација на информација за спасување планинар на Матка. Корисниците на социјалните мрежи брзо забележаа очигледна грешка – раката на еден од полицајците беше неприродно издолжена, што е една од честите аномалии кај сликите создадени со вештачка интелигенција.
- По реакциите во јавноста, МВР ја повлече спорната фотографија и ја замени со друга.
- Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан. Предупреди дека со тоа, Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот.
- Вадефул потсети дека ЕУ им вети членство на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун во 2003 година. Тој го критикуваше и германскиот учинок, потсетувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес 11 години подоцна, во 2014 година.
- И покрај ова, нема конкретен напредок дури и по уште 12 години.
- „Не ги исполнивме нашите ветувања“, рекол министерот. „Навистина би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е реално, дека сме веродостојни и дека на Европа може да се потпреме“.