Имено, во некои супермаркети, покрај стандардните бои за корпи за пазарење, има и розеви. Ако носиш розева корпа значи дека си сингл и дека си отворен за приоѓање и разговор. Условот е и тој што се обраќа исто така да носи розева корпа. Нема ништо строго во феноменот, просто сакаат да овозможат забавна и симпатична „алатка“ за офлајн запознавање.