Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

„Руси гинат. Тоа ни се најдобро потрошените пари“

Проговори некрофилот Линдзи
Со задоволна насмевка на лицето, американскиот сенатар од Јужна Каролина имаше што да додаде на она што му го реферираше неговиот домаќин Владимир Зеленски за ситуацијата во Украина. Линдзи Грем ќе дополни: „И Русите гинат. Тоа се нашите најдобро потрошени пари!“ Реагираше Москва па го стави Линдзи на потерница.

*****

Крволочниот сенатор бара Газа да биде Хирошима
Споредувајќи ја израелската војна против Газа со атомскитe бомбардирања на Јапонија за време на Втората светска војна, американскиот сенатор Линдзи Греам рече дека Израел има право да направи сè што ќе процени дека треба да направи. А Вашинтон да помогне со материјалот, тоест со бомбите.

****

На Линдзи Грем не му се доволно загинати Украинци
Американскиот сенатор во Киев побара од украинските парламентарци што е можно побрзо да го изгласаат законот за мобилизација, кој значително ќе ги снижи границите за тоа кој се може да биде мобилизиран во украинската армија.

****

Во Битола би го викале Транспарентнио
Нашиот омилен анти-херој од американската политичка сцена, злотворот Линдзи Грем, уште еднаш го излаја она што и други го знаат ама не ни помислуваат да го кажат. Дека страдањето на украинскиот народ не е за слобода и демократија, туку за критичните минерали кои Украина ги поседува а вредат трилијарди долари. Запад ги сака и не сака да завршат кај Путин кој би ги делел со Кина. Што е нејасно?

*****

Американците бараат јунак што ќе го убие Путин
„Некој во Русија треба да се охрабри“ ќе порача во живо на телевизија еден од највлијателните републикански сенатори, Линдзи Грем, повикувајќи некој близок од кругот на рускиот претседател да го убие Путин.

****
Два воена хушкача: Дозволете да ве напалиме
Американскиот сенатор Линдзи Грем (деновиве јавно повика некој близок од кругот на рускиот претседател да го убие Путин) и сенаторот и претседателски кандидат Џон МекКеин, во Украина, декември 2016 година. Пожарникари кои носат бензин на лице место.

****

Важно, Америка е задоволна
Американскиот сенатор Линдзи Грем ќе ја разгледа ситуацијата па ќе каже: „Задоволен сум од патот на кој структурно се наоѓаме. Сè додека на Украинците им дотураме доволно оружје и пари, тие ќе се борат до последниот човек.“ А последниот човек нема да биде Зеленски, тој тогаш ќе биде напупен на видео бим како специјален гостин на некоја гала собиранка на западниот крем. 

****

Ете зошто Вашингтон се вознемири од Хаг
Сенаторот Линдзи Грем има многу  причини да се срами од своите ставови но познат е баш по тоа што не се срами, па затоа знае најдиректно и најсоголено да го каже она што другите американски политичари го виткаат во обланди. Така беше со задоволството што гинат Украинци ослабувајќи ја Русија, така е и сега, за хашкото барање за апсење на Нетанјаху: „Ако го дозволиме тоа, ние сме следни“.

****

Скот Ритер: Линдзи Грем е болен психопат
Во отворена програма со слушатели, го прашуваат Скот Ритер што мисли за неодамнешната изјава на американскиот сенатор Линдзи Грем (Види: Проговори некрофилот Линдзи) дека најдобра американска инвестиција е што ѝ давале пари на Украина за да убиваат Руси. Дали е тоа нормално?

*****

Сума сумарум на богатата политичка кариера на Линдзи Грем:

13 јули 2026 - 12:27