Скот Ритер:

Линдзи Грем е болен психопат

Во отворена програма со слушатели, го прашуваат Скот Ритер што мисли за неодамнешната изјава на американскиот сенатор Линдзи Грем (Види: Проговори некрофилот Линдзи) дека најдобра американска инвестиција е што ѝ давале пари на Украина за да убиваат Руси. Дали е тоа нормално?

Одговорот на поранешниот инспектор за оружје на ОН?

Врзете ги појасите.

Тоа не е нормално за американски сенатор, но Линдзи Грем не е нормален американски сенатор. Тој е психопат. Сум зборувал за него и порано и моето мислење не е сменето. Тој е парфимирана принцеза, човек кој не знае ништо за војна, за битки, за што било. Тој буквално е бескорисна индивидуа, воен хушкач и психопат.

Неговата гадна фаца кога го зборуваше тоа е иста со изразите на нацистите кога го смислувале холокаустот. Ви станува јасно како изгледа Злото.

Тоа е истиот човек кој порачуваше дека Владимир Путин треба да биде убиен (види: Американците бараат јунак што ќе го убие Путин), истиот кој повторува дека Украинците треба да се борат до последниот Украинец, тој буквално е болно, болно лице.

Граѓани на Јужна Каролина (од таму е Линдзи - н.з.) направете ѝ услуга на Америка, тргнете го копилето од функција пред да направи уште триста глупости. Тој е резил за вас, за мене, за целата држава. Тоа е истото болно лице кое ја фабрикуваше лагата дека Русите нудат награда за Талибанците ако убиваат Американци. Цел се напали околу тоа.

И сега истиот тој Линдзи Грем треска дека најдобро потрошени пари на американските даночни обврзници биле оние дадени за убивање Руси.

Линдзи Грем, ти си болен човек. Слушнав Русите издале потерница по тебе. Се надевам дека ќе те фатат, дека ќе завршиш зад решетки, да откриеш како е да се мине низ руската правда.

Копиле едно.

************

Види и:

Војни, лица и опачини од лица

Запад требаше порано да сфати дека Путин не блефира

 

1 јуни 2023 - 16:54