Првиот, оној воинствениот, тогаш беше претседавач на комисијата за надворешни работи на американскиот сенат. Денес е претседател на САД, се вика Џо Бајден.
Вториот се вика Скот Ритер, своевремено шеф на инспекторите на ОН за оружје во Ирак и од таа позиција тврдеше дека Ирак не поседува такво оружје (треба ли да потсетиме, што се покажа како точно) бидејќи неговата екипа претходно на терен веќе ги имаат неутрализирано ирачките потенцијали за тоа.
Денеска Скот Ритер е забранет/цензуриран/суспендиран на Твитер, заради неговите сомневања во пропаганден наратив околу случувањата во Буча.
Повторно назад во времето. Да ве потсетиме како бахатиот Џо Бајден, патолошки навивајќи за војна, го исмеваше Скот Ритер нарекувајќи го „Скоти Бој“(инаку, Ритер е морнарички офицер), порачувајќи му дека одлуката за војна ја носат некои кои имаат далеку поголеми плати од него.
За крај, погледнете го уште еднаш контрастот меѓу жизнерадосно окезениот Бајден и смирениот и прибран Ритер, додека со неверување гледа како пред сечии очи се спрема голема војна базирана на лаги.
Таа „грешка“ во Ирак чинеше близу 500.000 животи. 20 години подоцна, човештвото не научи ама баш ништо.
*********
Од Скот Ритер види и:
Запад требаше порано да сфати дека Путин не блефира