Крволочниот сенатор бара Газа да биде Хирошима

Споредувајќи ја израелската војна против Газа со атомскитe бомбардирања на Јапонија за време на Втората светска војна, американскиот сенатор Линдзи Греам рече дека Израел има право да направи сè што ќе процени дека треба да направи. А Вашинтон да помогне со материјалот, тоест со бомбите.

„Кога бевме соочени со наше уништување како нација после Перл Харбур, решивме да ја завршиме војната со нуклеарен напад на Хирошима и Нагасаки“, сентиментално се потсети Линдзи. „Тоа беше вистинска одлука!“

68 годишниот сенатор од Јужна Каролина процени дека Израел сега е во иста ситуација и затоа треба да направи „сè што треба“ за да ја спаси еврејската држава.

„Дајте му ги на Израел бомбите што му требаат за да добие војната која не смее да си дозволи да ја изгуби и гледајте да ги минимизираат жртвите“(?).

Хушкањето на Линдзи Грем доаѓа откако САД запреа значителна испорака на оружје за Израел поради загриженоста за нивна употреба во Рафа, кој е дом на 1,5 милиони раселени Палестинци.

Пратката вклучувала 1.800 бомби од по 907 килограми (!!) и 1.700 бомби од под 227 кила(!).

Од слични американски пратки досега се убиени над 35.000 Палестинци, главно жени и деца, а 78.700 други се претворени во инвалиди.

********
Злотворот го следиме одамна:

На Линдзи Грем не му се доволно загинати Украинци

Проговори некрофилот Линдзи

Важно, Америка е задоволна

Линдзи Грем е болен психопат

14 мај 2024 - 10:48