Десетици обиди за ин витро, потрошени илјадници - бебе нема

Ова е реалност за многумина, а во САД тие „илјадници“ се за некого и 250.000 долари. Статија на Њујорк Магазин фрла светло на тешките битки што луѓето ги водат за да станат родители.

Се чини како секоја недела, нова славна жена на четириесет и кусур години да објавува дека е бремена. Ен Хатавеј на 43, Натали Портман на 45 деновиве. Претходно, Хилари Свенк роди на 48, Хали Бери на 47. Ендокринолози сведочат дека секоја недела им доаѓаат жени откако ќе прочитаат за некоја славна личност што чека бебе на тие години со „сакам и јас“.

Сепак, за повеќето жени што ќе пробуваат со сопствени јајце-клетки после 45 години, веројатноста да добијат бебе е екстремно ниска.

Според најобемната студија досега, ќе успеат да родат помалку од 3 проценти од жените што почнуваат ин витро циклус на 45. До 46, стапката веќе доаѓа блиску до нула. Сепак, кога си очаен да имаш дете, и најмалите шанси ти даваат зрак надеж - за жените што се дојдени до ќорсокак со вообичаениот ин витро метод, се појавуваат и нови експериментални и скапи методи за кои докторите тврдат дека ќе им ги подобрат шансите.

„Кога сакаш да имаш дете, ги слушаш само позитивните искуства,“ вели жена која почнала со ин витро на 44. „Многу е лесно да се фатиш за било што позитивно и оптимистично. А многу оптимистични гомна јадат.“

„Има доктори што ќе кажат, ‘ако жената сака да плати десетици илјадници долари за да се обидува, а притоа знае дека стапката на успех е многу ниска, јас радо ќе продолжам со ИВФ циклуси‘,“ вели директорот на Програмата за биоетика на Колумбија, Роберт Клицман. „Луѓето тешко разбираат статистика и тешко успеваат да ја применат на себе.“

Во основа, желбата е голема, разочарувањата се чести, а индустријата цвета.

Целата статија, заедно со лични сведоштва од Редит - овде.

13 јули 2026 - 12:38