Да изгледаш „средено” е уметност, и се учи

Амелија Дајмонд е како нас. Тоа што е главна на креативниот тим во еден од најважните модни блогови на светот, Мен Репелер, не ја спречува да биде во хаос, да доцни на сите состаноци и трапаво да истура пијачки. Затоа, си бира 3 другарки кои ѝ делуваат средено на секое поле и ги прашува - како?

Јасмин А.

Јасмин е работи како постар стратег за партнерства во Мен Репелер и според Дајмонд, таа е една од најприбраните суштества што ги сретнала. Разликата меѓу нејзе и Јасмин (која го има пробиено кодот за кежуал-но-сепак-професионален изглед) се гледа во следното: Се договориле да се сретнат. Јасмин стигнала 15 минути порано, што ѝ дало време да се напие кафе и да почека во лобито. Анџела стигнала три минути пред договореното време (затоа што ѝ било страв да задоцни баш со оваа другарка) и успеала притоа да ја изгуби едната ракавица.

Најважните поенти од нивниот разговор:

-Јасмин не се чувствува „средено”. Всушност, била зачудена што била избрана за тој прилог.

-Си го мести креветот секое утро и ја мие косата секоја недела затоа што сака да ја започне неделата „свежа”.

Ова е многу јако:

-Ако се разбуди порано за викенд после пијана ноќ, прави нешто што го вика „второ спиење” - станува, мие лице и заби, става крема на лице, облекува нови пижами, ги мести перниците, ги исправа чаршафите и се враќа во кревет за да се ресетира и да се разбуди повторно, многу поосвежена.

-Си остава време да размисли пред да одговори на мејлови. Ова ѝ помага да смисли темелни одговори, што подоцна ги намалува шансите за бесконечни преписки.

Најдобар совет: ”Прецени колку време ќе ти треба да стигнеш некаде и тргни порано.”

Тифани Р.

Тифани е постар моден уредник во Космополитен и е многу префинета. Анџела за себе тврди дека е таа нејзина чудна другарка што секогаш кога ќе ја види прашува „како си толку совршена?” Но се работи за многу повеќе од тоа. Таа зрачи со смиреност и чувство на самодоверба.

Најважните поенти од нивниот разговор:

-Не само што понекогаш се чувствува несредено, туку знае и да види стари фотографии од себе каде што мислела дека е средена и сфаќа дека всушност не била.

-Има несесер за шминки и четка за коса во канцеларија за, ако нема време пред да оди на работа, да се среди кога ќе стигне (или после тоа, за некој настан).

-Најдобро се чувствува кога ги прави работите полека. Порано нонстоп доцнела, додека еден ден не ѝ се обратила другарка на таа тема. „Ми рече дека кога доцнам, давам впечаток дека не го почитувам нејзиното време и тоа ја повредува.” Размислувањето за времето во контекст со други луѓе речиси веднаш ѝ ги променило навиките.

-Редовно вежба јога, медитира секој ден и забележува негативна разлика во деновите кога не го прави тоа.

Најдобар совет: „Научи да кажеш не. И кажувај да на време поминато со самата себе. Колку повеќе луѓе среќаваш, толку повеќе енергија апсорбираш, па ако си хаотична, таа екстра енергија ќе ти го наруши балансот.”

Мерикејт Б.

Мерикејт е уредник за модни пазари во Таун енд Кантри и е од оние жени што случајни минувачи мислат дека се балерини. Нејзиниот став е одличен, никогаш не ѝ штрчело влакно, а нејзиниот покерашки израз на лицето кога е во стресна ситуација треба научно да се студира.

Најважните поенти од нивниот разговор:

-Себеси се опишува како личност ориентирана на рутина, која се буди секој ден во исто време, дури и на одмор. Организацијата како вештина не ѝ е научена туку природен начин на постоење. А кога се работи за облекување, едноставно ѝ е психички и физички поудобно во осмислена облека, отколку во тренерки.

-Запишува апсолутно сè што треба да направи, колку и да е мала задачата, и има дневни списоци во тетратка кои си ги проверува и ги ажурира во текот на денот.

-Смирена е затоа што со тек на време научила дека стресното однесување сè уште не ѝ донело решение за ниеден проблем.

Најдобар совет: „Постави си рокови: ‘До 3 попладне морам да ја завршам сторијата, до 5 морам да завршам со тоа-и-тоа.’ Мали рамки за завршување на работите ми помагаат да бидам попродуктивна.”

22 февруари 2018 - 17:06