Е, во ваков свет живееме сега

Скраја било да си кажеш што мислиш на актуелна тема. Може да те нападне армија борци за социјална правда, војска душебрижници, чета бранители на човекови права, кордон феминисти, и на крај, да те прегази стампедо од недоквакани што чуле дека е во тренд да се има силно, а сепак неосновано мислење.

Оваа реалност (минус крвопролевањето), ја има во еден од поновите скечеви на СНЛ, на тема - Азис Ансари.

Човекот според едни беше жртва на грдата крајност на #MeToo кампањата, а според други, жртва на недоделканиот на воспитно-образовен систем. Според трети, воопшто не беше никаква жртва, туку бесчувствителен, мизогинистички ѕвер.

А сериозна жртва се и сите оние мирни вечери со друштво, кога си правите рандом муабет и на еден ќе му текне да почне тема за која што некој претходно си го изел џигерот на интернет. Па после проблем: Како да го кажеш тоа што сите го мислиме, без ти да го изедеш стапот дека си гаден.

Еовака:

9 февруари 2018 - 11:17