Што научивме од инцидентот со Азиз Ансари

Во еден од примерите колку кампањата #MeToo може да биде проблематична, покрај тоа што е корисна, минатата недела видовме фотографка што го обвини Азиз Ансари за напад, под скроз дискутабилни услови. 

Од деталниот опис на нешто што повеќе личи на лош дејт, отколку на сексуално вознемирување, не може да се заклучи дали Азиз бил стварно толку олош. Не може ни со сигурност да се каже истото за девојката што реши јавно да го понижи. Но она што сигурно може да се заклучи е дека ние од памтивек имаме проблем со комуникација, како мажи и жени.

22 јануари 2018 - 09:18