Сакале ние да признаеме или не, една Кајли Џенер има големо влијание на нашево време. Ни Анџелина Џоли не наметна толкава фама околу големина на усни, како што тоа му успеа на најмалото Кардашијан/Џенерче. Најверојатно затоа што луѓето резигнирано заклучуваа дека Анџелина Џоли има среќа, таква си е, ама Џенер отвори нови хоризонти. „Сакаш да кажеш дека колку и да изгледам (под)просечно, едно боцкање ме дели од Инстаграм модел?!” си рече најверојатно пола планета и ја дигна економијата на хијалуронските филери до плафон.
Пред да се фатите за хијалурон, барем видете што точно ви треба. За таа намена, одамна си постои молив за уста, чие што нанесување некои од вас веројатно го имаат доведено до совршенство, а некои од вас не ни знаат дека помага дури на 8 начини.
Да видиме: