Она што не го знаевме е дека овој гест и компанијата немаат никаква врска со Академијата, до тој степен што пред некоја година имаа една судска драма - Академијата ги тужеше Distinctive Assets за користење на името, па подоцна им успеа да се спогодат.
Во секој случај, праксата за наградување на сите номинирани во режисерските и актерските категории не престана. А наградите не се просечни ваучери за попуст или вечера за двајца. Го надминуваат дури и скутерот на вода со кој синоќа се обидоа да ги мотивираат добитниците да бидат пократки.
Оваа година, goodie bag-от чини 100.000 долари
(после легалната битка, решиле да намалат од дотогашните пакети во вредност од 230.000 долари, на пример)
Ако си бренд и сакаш да те има во пакетот, мораш да платиш околу 4000 долари. А според основачот на Distinctive Assets, Лаш Фери, не се работи за пазарната вредност на производот.
„Добар подарок нема врска со пазарната вредност,” изјави Фери за Форбс во 2016-та. „Со години го кршиме најважното правило на подарувањето со кажување на цената. Наместо тоа, сега се обидуваме да почнеме нова традиција со едноствно славење на забавната природа на овој легендарен пакет со подароци.”
Ако сакаш да те носи ѕвезда, 4000 долари не се проблем
„Не им подаруваме на номинираните од филантропски побуди,” додава Фери. „Им подаруваме од истата причина поради која ги плаќаат над 20 милиони за еден филм… Затоа што нивниот личен бренд ја има вредноста како комодитет.”
Тој личен бренд вреди многу, со оглед на тоа што, меѓу тонот поклони, има на пример, 12 дена во Танзанија за двајца во вредност од над 40.000 долари, или недела дена во спа центар во вредност од скоро 9000.
Или, донација од 10.000 долари во нивно име за заштита на животни.
Модерен солзавец во вредност од 27 до 125 долари за да се заштитат со стил (цената зависи од тоа како сакаш да ти биде украсен).
Левитирачки блутут звучник од скоро 200 долари.
Луксузни лажни трепки, дел од пакет на Le Céline во вредност од 330 долари.
И уште 50 други, што ги има тука.