Многу му е јако на Васалија да спојува просто секојдневие со висока мода, па после неверојатниот успех на ташната инспирирана од Икеа, им текна дека ретровизори можат да бидат клик-ташни, а патосници можат да бидат на пример сукњи. Да не забораваме дека најдрско се свртеа кон Крокс како сосема прифатлива кондура за на писта.
Последната понуда на Баленсијага е безобразно инспирирана од уште една секојдневност. Жолто-синото лого на најголемиот супермаркет во Германија – Едека.
Замислете да си носиме ташни инспирирани од Веро или Тинекс!
Не.
Грузиецот врз основа на пластичната торба што се продава на каса во Едека за помалку од евро, креира шопер од јагнешка кожа, жигосан со ‘The Power of Dreams,’ фраза што стана лајтмотив на колекцијата. И верен на сопствената природа, ја пушти во целиот тој нормкор концепт што се провлекува низ неговата колекција пролет/лето 2018.