
Не, хакот не е за парфем на точење, не е ни за копии. Зара има фантастична копија на Black XS од Пако Рабан, ама вас веројатно ви треба баш тој парфем што ви треба.
Ако ви текнува, повеќето фенси брендови за парфеми нудат и други производи со истиот мирис - свеќи, парфеми за коса, парфеми за простории и така натаму. И не е некоја тајна дека парфемите за простории и за коса се многу поевтини. Ова се должи на мали измени во формулата - парфемите за коса имаат помалку алкохол за да не ја оштетат. Собните парфеми се помалку концентрирани, и имаат помалку гламурозни додатоци за да бидат поевтини.
Така на пример, на Byredo нуди 50 мл парфем за 150 долари. Парфемот за коса со истиот мирис е 62 долари. Bibliotheque има многу јако шише од 250 мл парфем за простории во кој можете да се бањате кога никој не гледа. Ева Алт од Into The Gloss, вели дека ги пробала и двете варијанти - и во ниеден момент парфемот не разочарал од аспект на долготрајност.
„Кога правиш компромис во однос на формулата, потентноста на парфемот веројатно никому нема да му направи разлика, па ни на тебе.”
А стварно, кога ќе размисли човек, нели е поголем ефектот цел да се намачкаш со млекото за тело на Долче Вита, наместо само да се шприцнеш на врат?