Уште пробувате тестери?

Стварно, остана ли човек што се осмелува да стави тестер за некоја шминка на лице? На уста, недајбоже? На трепки? Ако сте меѓу тие што без проблем го шлапаат отворениот, видливо искористен кармин со ознака 'тестер' во парфимерија, имате две опции: да го погледнете видеово и да престанете, или да кликнете икс и да продолжите да живеете во незнаење колку многу е гадно да се мачкаш со тестер.

Особено е нејасно како луѓето се фаќаат за тестери каде што апликаторот мора да се бутне во шишенце, а кога не се користи - стои таму. За информација, тоа на бактериите им е свадба под шатор.

Ќе можевме и понатаму да се преправаме дека не е ништо страшно, да не беше ова истражување, и тоа не за 'дали е гадно', туку 'колку многу е гадно' да пробуваш кармини, маскари и сè друго што претходно го ставил некој друг на себе.

Во некои продавници може и да ги чистат. Ретко, ама се случува. Со тоа што, нема шанси да го исчистиш претходниот корисник од сјајот за уста, па дури и да ти е тоа животна желба.

Видете:

21 март 2018 - 10:42