Две женски филозофии за стареење

За два различни магазини, во иста недела, Анџелина Џоли и Џенифер Лопез даваат две различни филозофии за стареењето.

За Инстајл, Анџелина Џоли изјавува дека го прифаќа:

„Се гледам дека стареам и многу ми се допаѓа тоа затоа што значи дека сум жива - живеам и стареам. Не е дека ми се допаѓа што имам некоја темна флека од бременост, на пример. Си ги гледам недостатоците. Но тоа што го гледам и што го сакам истовремено, нема врска со структура или изглед. Си го гледам семејството на моето лице. Си ја гледам возраста.”

За Харперс Базар, Џенифер Лопез има сосема поинаква изјава:

„Афирмациите се многу важни. Јас сум млада и безвременска. Секој ден си го кажувам тоа, по неколку пати на ден. Звучи како клише срање, ама не е: Возраста е состојба на умот. Видете ја Џејн Фонда.”

И стварно, ја видовте ли Џејн Фонда, бе?

 

19 март 2018 - 10:08