И како универзално добро светот на декоративната козметика, колекцијата ја пробуваат сè повеќе машки.
Ако ви е ново машки со шминка, малку сте назад со материјалот. Дечки со кармин и совршена техника одамна прават милиони со нивните Јутјуб канали и цели, елаборативни колекции шминка.
А не значи дека маж со шминка е маж во драг. Даниел Калуја од Get Out носеше пудра од Фенти на Оскарите, а Езра Милер е еден од најголемите фанови на брендот.
А ако и ова ви е ново и бљак, прашајте по македонските телевизии кој сè добива пудра за пред камера. А и веројатно никогаш не сте посветиле внимание на својата кожа, како хетеро маж што оди на козметичар.
Како и да е, овој чекор со рекламата барем го врти рефлекторот кон тоа дека треба да ги ставиме на пауза малку фотошопираните слики на Инстаграм и филтрите на Снапчат, и да се вратиме на основната вистина околу шминката: Забавна е.